НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кијану Ривс чекал на дожд 20 минути да влезе на сопствената забава

0
By Ана Василевска on January 4, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Кијану Ривс
Кијану Ривс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светски познатиот актер Кијану Ривс не се однесувал како филмска дива кога бил принуден да ги пропушти првите 20 минути од својата забава за новиот филм „Божја ќерка“. Тој останал да чека во редицата пред клубот Леонора во Челзи, Њујорк, на пороен дожд.

Неговиот возач на Рони Саншајн сподели: „Кијану навистина трпеливо чекаше. Мислам дека не му кажа ништо на обезбедувањето на врата , во стилот „Јас сум Кијану“. Никој не го препозна.“

„Кијану изгледа многу обично. Врнеше, но тој само чекаше да дојдат неговите двајца пријатели.Не се однесуваше како да има пари. Мислев дека е некој рокер“, изјавиле од обезбедувањето на клубот.

Сопственикот на клубот му се извинил, иако филмската ѕвезда не му кажала дека нешто се случило.

Сопственикот на клубот за весникот „Њујорк пост“ изјави: „Не знаев дека го чекаат и не ми кажа ништо.Тој е многу опуштена личност“.

Откако влегол внатре , извор открива како љубезниот актер пронашол нечија кредитна картичка на подот и продолжил да кон пултот на диџејот да ја пријави со надеж дека ќе го најде нејзиниот сопственик.

Оваа необична случка на својот фејсбук профилм ја сподели страницата „Let`s Spread the Kindness“, потсетувајќи на неговата едноставност, скромност, правдност и љубезноста со која живее светски познатиот актер, филмски режисер и продуцент Кијану Ривс.

„Патува со јавен превоз, лесно комуницира со бездомниците на улица и им помага,  има само 56 години (02.09.1964), може само да јаде хот-дог во парк, седејќи меѓу обични луѓе. По снимањето на еден од „Матрикс“, на сите каскадери им подари нов мотор – како признание за нивната вештина. Се откажа од најголемиот дел од хонорарот за платите на костимографите и информатичарите кои цртаат специјални ефекти во „Матрикс“ – одлучи дека нивниот удел во учеството во буџетот на филмот е потценет. Го намали својот хонорар во филмот „Адвокатот на ѓаволот“ за да има доволно пари да го покани Ал Пачино.“

Овој пост, потсетува и дека речиси во исто време почина неговиот најдобар пријател; неговата девојка изгубила дете и набрзо загинала во сообраќајна несреќа, а неговата сестра се разболела од леукемија. Киану не се скрши: донираше 5 милиони долари на клиниката што ја лекуваше неговата сестра, одби да снима (да биде со неа) и ја создаде Фондацијата за леукемија, донирајќи значителни суми од секој хонорар за филмот.

„Можеш да се родиш маж, но треба и тоа да останеш..“, пишува во објавата „Let`s Spread the Kindness“.

Кијану Ривс Њујорк филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.