НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Перспективи 2023 – Мишев: Државата, општеството и медиумите заостануваат зад светската поддршка за Украина

0
By Gabi Tocko on January 7, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„И лично и професионално, конкретно со случувањата со руската агресија врз Украина, тоа беше испреплетено. Имаше моменти каде што беше тешко професионалното да се издвои од човечкото. Настаните таму не оставија рамнодушен никого во светот, во демократскиот, слободарски свет, вели Драган Мишев од ЦИВИЛ меѓу другото, на мултимедијалниот годишен настан „Перспективи 2023“,

Мишев како светол момент во ова воена агресија од руска страна го потенцираше фактот дека и покрај сите злосторства, сепак, не се скрши духот на Украинците.

„Како светла точка покрај сите тие напади, покрај сите тие злосторства што се случуваат таму, на руските агресори не им успеа да го скршат духот на Украинците. Тие ја бранат, не само својата земја од руската воената агресија, туку го бранат целиот демократски свет, ја бранат демократијата и слободата“.

Во однос на солидарноста кон Украина, Мишев  вели дека  ние како држава, како општество и како луѓе и како медиуми, заостануваме зад светската поддршка за Украина.

„На почеток на војната, еден дел од медиумите ја покриваа војната, но слабо, а еден дел сензационалистички го покриваше војната. Медиумите во Македонија руската агресија ја покриваа од руска гледна точка. Се пренесуваа информации дојдени од руските пропагандни центри, и најчесто дојдоа преку српските пропаганди центри, така да можам да кажам дека ЦИВИЛ беше прв кој ги осуди и објавуваше информации од украинските и западните медиуми, кој даваа поразлична слика од тоа што тука, барем на почетокот на војната, споделуваа од руската пропагандна машинерија.“

Тој понатаму одговарајќи на прашањето дали сѐ уште трае таа пропаганда, истакна дека тие продолжуваат со погрешното известување. Запрашан дали се многу гласни дезинформациите, па затоа изгледаат и помногубројни, Мишев меѓу другото рече дека  гласноста им доаѓа од тоа што се организирани од некој центар.

„Мислам дека се организирани, гласноста им доаѓа од тоа што се организирани од некој центар. Не се многу, едни исти луѓе се појавуваат на повеќе медиуми за да шират пропаганда.“

Н. Абдурахмани

камера, фотографија и монтажа: Александар Ризински и Ариан Мехмети

Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.


 

Војна во Украина Драган Мишев Перспективи 2023
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.