НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Дерек Шоле, кого сите го чекаат во Македонија

0
By Соња Крамарска on January 10, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шоле работеше со дипломатски легенди како Џејмс Бејкер, Строуб Талбот и Ричард Холбрук и служеше во високите ешалони на Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот

Неговото доаѓање во Македонија  доби речиси митски статус, откако мораше да ја одложи посетата на Скопје, Белград и Приштина во декември поради тоа што беше заболен од ковид. Дерек Шоле има има функција во американскиот Стејт департмент едноставно наречена – советник. Но нејзината моќ е многу поголема од она што можеби изгледа однадвор. Американски „Политико“ го нарече Шоле – „Човек во увото на Блинкен“, за со неколку збора да нагласи колку е тој важен за државниот секретар при конципирањето на американската политика, особено додека тече војната во Украина.

Како што напиша „Политико“ во март годинава: „Кога ќе ги погледнете главните дипломатски настани во последните триесет години, Дерек Шоле ги доживеа сите. Работеше со американски дипломатски легенди како Џејмс Бејкер, Строуб Талбот и Ричард Холбрук и служеше во некои од највисоките ешалони на Белата куќа, Пентагон и Стејт департментот. Од Босна до Сирија – а сега и Русија – Шоле помогна да се обликуваат американските пристапи кон нејзината политика во странство“.

Во Скопје, како што соопшти Стејт департментот, тој ќе се сретне со владини преставници и ќе разговара за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. Во Белград и Приштина ќе се обиде да помогне за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Дерек Шоле ја почна својата кариера во Вашингтон во 1993 година како асистент за истражување на поранешниот државен секретар Џемс Бејкер за неговата книга „Политиката на дипломатијата“. Бејкер на овие простори е познат од времето кога доаѓаше во Југославија да се обиде ја спречи дисолуцијата на поранешната федерација. Таа работа со Бејкер му помогна да ја добие нарачката од Стејт департментот да напише сеопфатна историја на Дејтонскиот мировен процес. Шоле потоа му асистираше и на наследникот на Бејкер на местотот државен секретар, Ворен Кристофер, во пишувањето на неговите книги „Во потокот на историјата“ и „Животни шанси“. Беше помошник на Ричард Холбрук во пишувањето на неговата славна книга „Да се заврши војната“.

Во 1999 година ѝ се приклучи на администрицијата на Бил Клинтон како главен пишувач на говори на Холбрук кога беше амбасадор на САД во ОН. Од него тој научи уште повеќе за овој регион, за тоа како течеа југословенските војни, како дојде до Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, затоа што Холбрук беше најважниот американски актер во овие процеси. Потоа му беше специјален советник на уште една легенда на американската дипломатија, тогашниот заменик државен секретар Строуб Талбот.

Кога стапи на должност администрацијата на Барак Обама, од 2009 до 2011 година, беше главен заменик-директор на персоналот за планирање политика на државниот секретар Хилари Клинтон. Од 2011 до 2012 година, Шоле служеше во Белата куќа како специјален асистент на претседателот и виш директор за стратешко планирање во Советот за национална безбедност на Соединетите Држави. Од 2012 до 2105 година беше помошник на секретарот за одбрана за меѓународни безбедносни работи, каде ја менаџираше американската одбранбена политика спрема Европа, Блискиот Исток, Африка и западната хемисфера.

Служеше и како член на транзицискиот тим во Стејт департментот во периодот кога администрацијата на Џо Бајден се подготвуваше за преземање на власта. Слична улога имаше и во транзицискиот тим на Обама во 2008.

Во времето на претседателствувањето на Доналд Трамп тој се повлече од администрацијата. Од 2016-2020 служеше како извршен потпретседател и виш советник за безбедносна и одбранбена политика во Германскиот Маршалов фонд на Соединетите Американски Држави, и како визитинг соработник во повеќе други институции, како Брукингс институтот, Центарот за глобални прашања Кисинџер при Џонс Хопкинс универзитетот и Американската академија во Берлин. Напиша повеќе книги и има добиени медали и од Стејт департментот и од Пентагон.

Кога Ентони Блинкен стана државен секретар Дерек Шоле ја доби функцијата советник во Стејт департментот. Неговата функција има ранг на потсекретар како висок советник за политика на Блинкен за широк спектар на прашања и врши специјални дипломатски задачи по задача на државниот секретар. Како што напиша американски „Политико“ – „Човек во увото на Блинкен“.

Затоа, неговите пораки во Скопје треба внимателно да ги слушнат сите поради повеќе работи: САД се најпостојаниот и најпосветениот сојузник на Македонија не само во нејзините години на независност; потоа, соработката меѓу двете земји е на нов колосек со потпишувањето на Стратешкиот дијалог; а двете земји како членки на НАТО ги координираат своите политики особено околу војната во Украина.

Извор: Независен

Дерек Шоле Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.