НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БИРН: Со незаконска легализација во Белград озаконети половина милион метри квадратни станбен простор

0
By Ана Василевска on January 12, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Изминатите седум години во Белград се легализирани повеќе од 450 илјади квадратни метри станбен простор, во објекти што делумно или целосно се изградени без дозвола, покажува истражувањето на БИРН.

Сателитските снимки покажуваат дека тие објекти не постоеле или не биле завршени во 2015 година, што според Законот е основен предуслов за легализација на дивоградба.

БИРН откри повеќе од 300 згради на територијата на главниот град на Србија – главно станбени згради поголеми од илјада квадратни метри – целосно или делумно изградени незаконски, според сателитски снимки од 2015 година. Сепак, извесно е дека бројот такви објекти е уште поголем.

Со груба пресметка, денешната вредност на таквите легализирани објекти откриени од БИРН изнесува повеќе од милијарда евра.

Истражувањето на БИРН покажува дека не се работи за изолирани поединечни случаи, па дури и за поединечни белградски општини, туку дека станува збор за системска практика што трае со години, се уште трае и е евидентирана во сите централни белградски општини.

Истовремено, покрај зградите од базата на БИРН, често никнуваат (се уште) дивоградби што чекаат „нов круг“ легализација.

Користејќи напредни техники OSINT (истражување со помош на отворени извори), новинарите на БИРН ја пребаруваа картата на градот и ги вкрстуваа податоците од сателитската снимка со податоците од Катастарот и Регистарот на одобренија за градење на Агенцијата за економски регистри. Тоа е направено затоа што и покрај законската обврска, нема јавни податоци за тоа кои решенија за легализација на објекти се донесени од Секретаријатот за легализација на град Белград. Покрај тоа, Секретаријатот ги игнорираше барањата на БИРН да ги достави тие решенија.

Белград БИРН легализација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.