НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костадиновска-Стојчевска на министерска конференција на Алијансата „Баукултур“ во Давос

0
By Marta Pesevska on January 15, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска и утре ќе учествува на Втората конференција на министри за култура „Алијанса Баукултур Давос 2023“, која, под мотото „Заедничко добро – споделена одговорност“, се одржува во Давос, Швајцарија, соопштуваат од Министерството за култура.

 

Заедно со министрите за култура од повеќе од 20 европски земји, министерката Костадиновска-Стојчевска ќе има свое излагање на панел дискусијата, која ќе ја отвори претседателот на Швајцарската конфедерација, Алаин Берсет.

Во фокусот на Конференцијата ќе биде основањето на Алијансата „Баукултур 2023“, која преку иницирање континуирана размена и вмрежување ќе даде поддршка и помош во истражувањето на можностите за подобра соработка меѓу власта, граѓанското општество и индустријата за градежништво и недвижен имот. Формирањето на Алијансата треба да овозможи решавање на итни прашања поврзани со подобрување на квалитетот на животната средина.

Министерката Костадиновска-Стојчевска на маргините на Конференцијата ќе оствари билатерална средба со генералната секретарка за современа култура при Министерството за спорт на Република Грција, Елени Доундолуаки, на која ќе разговараат за отворање нови можности за зајакнување и унапредување на соработката во рамки на веќе потпишаните договори и програми помеѓу двете земји.

Освен министрите за култура, на Конференцијата ќе учествуваат и меѓувладини, стручни и граѓански организации, како и експерти од областа на финансиите, недвижностите и градежната индустрија.

Алијанса „Баукултур“ Бисера Костадиновска - Стојчевска Давос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.