Членовите на европските кралски семејства денска се собраа во Атина за да се простат од поранешниот и последен крал на Грција, Константин Втори. Тој ќе биде погребан на приватна церемонија по контроверзите околу неговиот погреб.
Покојниот монарх почина минатата недела на 82-годишна возраст, откако неговото здравје се влоши по мозочен удар. Константин беше фигура која предизвикува поделби во историјата на Грција и ќе биде погребан како приватен граѓанин.
Кој присуствува?
Над 200 луѓе се очекува да присуствуваат на приватната погребна служба, која се одржува во Атинската митрополитска катедрала.
Припадниците на јавноста можеа да оддадат почит утрово. Илјадници луѓе чекаа во ред пред црквата за да поминат покрај ковчегот на Константин.
Подоцна ќе биде погребан во летната палата на поранешното кралско семејство во северна Атина каде се погребани предците на Константин.
Меѓу присутните има членови на кралското семејство и благородништвото од цела Европа.
Ќе присуствуваат данската кралица Маргрете Втора, кралот и кралицата на Холандија и целото кралско семејство на Шпанија и кралски членови од Шведска, Луксембург и Монако.
Британското кралско семејство го претставува принцезата Ана – ќерката на покојната кралица Елизабета Втора. Не се очекува да присуствуваат ниту кралот Чарлс III, сегашниот британски монарх и братучед на покојниот грчки крал, ниту принцот Вилијам, кој беше кум на Константин.
Контроверзии околу погребот
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и претседателката Катерина Сакеларопулу нема да присуствуваат на погребот.
Грчката влада ќе ја претставуваат вицепремиерот Панајотис Пикраменос и министерката за култура и спорт на земјата Лина Мендони.
Организацијата за погребот на Константин предизвикаа контроверзии, бидејќи грчката влада одби да одржи државен погреб за покојниот водач.
Премиерот Мицотакис го бранеше потегот, велејќи дека поранешниот монарх бил водач на „Кралството Грција, кое повеќе не постои“.
Кој бил Константин Втори?
Константин е роден на 2 јуни 1940 година во Атина од принцот Павле и принцезата Федерика од Хановер.
Пред првиот роденден на Константин, кралското семејство беше принудено да избега од Грција за време на инвазијата на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Константин се оженил со Ана-Мари, сестрата на данската кралица Маргрета, а парот имал пет деца.
На 23-годишна возраст, тој стапи на тронот во 1964 година и беше еден од најмладите монарси во Европа во тоа време.
Константин беше популарен како престолонаследник, освојувајќи златен медал во едрење на Олимписките игри во 1960 година одржани во Рим. Беше и почесен член на Меѓународниот олимписки комитет.
Меѓутоа, како крал, низа политички грешки го чинеа скапо, при што многу Грци сега го гледаат со рамнодушност или со огорченост.
Откако владееше како крал само три години, бруталната воена диктатура ја презеде контролата врз земјата во 1967 година.
Константин дозволил да се фотографира со хунтата и потпишал формирање на воена влада.
Неколку месеци по пучот, Константин организирал воен контра-пуч кој не успеал. Тој и кралското семејство подоцна побегнале во Лондон.
По обновувањето на демократијата, во 1974 година, Грците гласаа да не се врати кралското семејство.