НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Примитивни форми на живот

0
By Marta Pesevska on January 21, 2023 КОЛУМНА
Џабир Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЏАБИР ДЕРАЛА

Ах, бе, тролови, тролови… Како ли да ве наречам, а да не си ја извалкам устата и умот со вас… Видете вака, тролови… Знаете дека, не само што не влегувам во онлајн расправии со вас, туку и многу ретко ве читам. Читам извештаи за вас, каде што се издвоени најглупавите и најзлобните меѓу вас.

Но тоа не ви е ни важно, знам. Вам ви е важно да ве видат тие како вас и оние за кого работите. Да бидете дел од стадото, таа простачка булумента која дивее по социјалните мрежи. Добро, јасно, тие меѓу вас, што се добиток по фармите имаат само задача, дневна норма да исполнат. Мора нешто да се јаде, нели? Па нека е тоа и од нечесна работа.

Тролови…

Вие сте бактериите во трулите штици на грдата сцена на пропагандниот панаѓур на злото. Тотално безначајни и невидливи во бескрајот на човечката мисла.

Гадни, вулгарни и злобни, со поматен ум, платени или изманипулирани, но и глупави. И неписмени, морам да додадам.

Не читате. Веројатно и некој или нешто не ви дозволува да читате. А зошто и би читале? Имате вие една книга – катихизис на деструкцијата, нечовечноста, злото. Ништо друго не ви треба.

Да читате, нешто ќе дознаете за случувањата околу вас. Ќе научите нешто за животот, за луѓето, за светот.

Не. Сакате да останете на дното од мочуриштето. Живеете мизерен, болен живот, затворени во мрачните ментални зандани што ги изградија злосторниците за микроби како вас.

Доброволно им служите на најмрачните изданоци за човечкиот род, на злосторници и психопати. Обични слуги, одвратни во душата и умот, тапоглави и насилни. Примитивни форми на живот.

Што и да ви каже човек, малку е, а и не вреди. Терајте.

*

ПС. Од вашата неславна и нечесна работа, сепак, може да се извлече дури и некаква корист. Сакале вие или не, откривате повеќе отколку што планирате. Така, на пример, кога објавивме дека Цивил е таргет на жестоки сајбер напади, реагираа токму руските пропагандисти, нам толку добро познати. Ние не кажавме кој е нарачател на нападите. И не тврдиме дека руските служби стојат зад нападот, тоа ќе си покаже истрагата. Но од испарувањата на тоа што го оставате зад себе, се гледаат многу работи.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
говор на омраза пропаганда тролови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.