НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсовска: Не е точна информацијата дека на МКЦ му се скратени 90 проценти од буџетот, лажни се вестите за наводен притисок врз Богоев

0
By Соња Крамарска on January 26, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Младинскиот културен центар ја разбранува јавноста откако градоначалничката го смени директорот и назначи нов вршител на должност
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не е точна информацијата дека на МКЦ му се скратени 90 проценти од буџетот. Средставата доделени од Градот Скопје за МКЦ не се скратени, а програмата која самите луѓе од МКЦ ја направија е одобрена од Градот и во ниту еден момент и по ниту една ставка нема да се менува. Но, нема да дозволиме МКЦ некој да го користи како „параван“ за да го скрие сопственото манипулативно однесување, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа на денешната прес-конференција информираше дека в.д. директорот на МКЦ не е разрешен од таа функција која ја изршуваше, туку договорот врз основа на кој бил назначен за вршител на должноста, согласно законот му завршил.

„Што се однесува до лажните вести за наводен притисок врз претходниот в.д. директор на МКЦ, во целост ги отфрламе овие обвинувања и најавувам доколку Ванчо Богоев во рок од 48 часа не се извини за изнесените лаги, изнесеното ќе треба да си го докажува пред надлежен суд. Уште минатата недела во МКЦ почна спроведување на редовна годишна ревизија која е планирана уште од минатата година. Забележани се неколку недоследности кои беа клучни при носењето на одлуката за функцијата на Богоев како в.д. директор“, рече таа.

Прашана дали ќе се објави нов конкурс, Арсовска рече дека треба да има нов конкурс и истиот ќе биде објавен, меѓутоа како што посочи, „ништо нема да биде на овој начин на кој што господинот Богоев би сакал да биде“.

„Богоев не сакаше нов конкурс, туку сакаше тој да биде повторно в.д. директор и се бунеше зошто не му бил продолжен договорот. Сите постапки кои ќе бидат преземени ќе бидат во рамки на она кое што на нас прописите ни го дозволуваат и тоа ќе го направиме во најдобар интерес на МКЦ“, рече градоначалничката.

Арсовска информираше дека минатата година на МКЦ од основниот буџет на Град Скопје му биле одобрени 10,7 милиони денари, а оваа година од основниот буџет на Градот се одвиени 8,7 милиони денари.

Што се однесува до сумата која се одвојува од буџетот за дотации на Градот Скопје, Арсовска рече дека  во минатата година биле одобрени за овој буџет 34 милиони денари, додека оваа година повторно се одвоени 34 милиони денари.

„Намалувањето во вкупен износ е незначително и во ниту еден случај не е затоа што Градот нема интерес оваа институција да функционира туку напротив, Младинскиот културен центар мора да работи и може да работи самоодржливо со капацитетите со кои располага“, рече Арсовска.

Арсовска посочи дека МКЦ има повеќе од пола милион евра сопствени средства кои треба да се трошат наменски и соодветно за дејноста која што оваа јавна установа ја врши.

„Верувам дека како што успеа јавноста да слушне за едната страна, треба исто така да разбере и кои се работите кои таму се случуваат и прашувам зошто доколку не се крати од средствата на МКЦ, зошто доколку не се кратат програмските активности и не се крати ништо од она кое тие самите го донеле и никој не им влијае на начинот на кој што ја креираат програмата внатре, ниту некој им кажува дали таа програма е соодветна или не, туку тие самите одлучуваат по основ на таа програма, зошто тогаш некој би протестирал, освен ако не е грубо изманипулиран“, рече Арсовска.

Данела Арсовска МКЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.