НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Уставните измени мора да се направат, а неопходен е и ветинг

0
By Marta Pesevska on January 27, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уставните измени мора да се направат бидејќи ни го отвораат патот кон ЕУ, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбите во Тетово со претставници на бизнис секторот, граѓанскиот и образовниот сектор, како и интелектуалци, во рамки на активностите под мотото „Заедно за Европа“.

Ахмети очекува уставните измени да се направат за два-три месеци, но, како што нагласи, тие мора да се случат, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава.

– Уставните измени отвораат можност за успешен почеток за отворањето на преговорите и првото поглавје за членство во ЕУ. И овој ден не е далеку бидејќи во ноември ќе се одржи средбата на двете влади, таа на Европа и нашата земја. Но, уставните измени мора да се направат бидејќи тоа е задолжителен респектабилен договор. Ова ќе се случи за два-три месеци, но мора да се случи, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава. Тоа е заедничка мисија на  сите нас бидејќи доброто што ќе дојде нема да дојде само за Албанците туку за сите граѓани, рече Ахмети.

Уште една работа која е неопходна, според лидерот на ДУИ, е ветингот.

– Мора да направиме ветинг, почнувајќи од политичарите, извршната власт, градоначалниците бидејќи тоа е за доброто на државата. Оваа проверка треба да ја направат странски специјалисти, бидејќи кредибилитетот може да се оспори. Потребно ни е проверено судство и политичар за да се има доверба во развојот на процесот, рече Ахмети.

За една земја, како што посочи,  многу се важни два пата,  да се тргне по патот на случувањата и политичките процеси, стабилноста и безбедноста.

– Кои беа параметрите што требаше да се имплементираат за да се има трајна безбедност и стабилност? Тоа беше Охридскиот рамковен договор. Без негова имплементација и довршување сигурно ќе недостигаше безбедноста или ќе беше повредена стабилноста. Но, за безбедност и стабилност мораше да се затвори проблемот со грчката страна. Решението на овој проблем ја направи земјата членка на НАТО, рече Ахмети, додавајќи оти со влегувањето во Алијансата и со членството во ЕУ ќе се зголемат и странските инвестиции.

Извор: МИА

Али Ахмети ветинг ЕУ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.