Руската пропаганда шири лажна приказна во која се тврди дека во Украина, еден од хемиските елементи бил преименуван.
Пропагандистите тврдат дека хемискиот елемент „Московиум“, кој бил вклучен во табелата под бр. 115 во 2016 година, бил преименуван во „Украиниум“, пренесува Укринформ.
Медиумите во Кремљ, провоените Телеграмски канали и проруските профили на Твитер дистрибуираат фотографии од периодниот систем на хемиски елементи наводно издаден во Украина, каде што еден од елементите се нарекува „Украиниум“.
Како доказ, руските пропагандисти наведуваат инстаграм стори на женско лице, за која тие тврдат дека е Украинка, која во неименувана продавница за канцелариски материјали видела периодична табела со хемиски елементи, при што елементот 115 се нарекува „Украиниум“, објавуваат од Укринформ.
Во долниот дел од табелата на фотографијата може да се види е-пошта на издавачката куќа Литера-ЛТД, која е специјализирана за издавање учебници и наставни помагала за деца од предучилишна возраст, ученици и студенти од стручно-техничко образование. Се гледаат и последните четири цифри од телефонскиот број на менаџерот на компанијата.
Преземено од Фронтлајн