Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград го објави Извештајот за преговарачкиот процес со Приштина од 1 септември минатата до 15 јануари оваа година

0
By Соња Крамарска on January 31, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 31, 2023 15:07

Извештајот на српската Влада за преговарачкиот процес со Приштина е доставен до пратениците, соопшти парламентот во Белград, јавија српските медиуми.

„Извештајот за преговарачкиот процес со институциите на привремената самоуправа во Приштина“ што владата на Србија го достави до пратениците, се однесува на периодот од 1 септември 2022 година до 15 јануари 2023 година, објавен е на веб-страницата на Собранието на Србија.

Претходно медиумите објавија дека пратениците на 2 февруари треба да расправаат за Косово и оти во работата на седницата ќе учествува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Иако кризата во дијалогот меѓу Белград и Приштина систематски се развиваше и се продлабочуваше од 2018 година, во овој извештајен период таа несомнено ја достигна својата крајна ескалација. Единствената одговорност за ваквиот развој на настаните неспорно ја носат сегашните привремени институции на самоуправа во Приштина, која од доаѓањето на Албин Курти на власт ја интензивира систематската дискриминација на Србите, со упорно одбивање да ги спроведе и прекршува речиси сите договори“, се наведува во текстот на извештајот.

Се додава дека во текот на извештајниот период акцијата на Приштина на терен „драстично се интензивирала преку брутално насилство и закани за употреба на насилство врз Србите на Косово и Метохија“.

Како што се посочува, властите во Приштина целокупните активности од септември 2022 година направија решителен обид да создадат околности што ќе им овозможат формално да си го обезбедат „правото“ да го избегнат спроведувањето на обврските од досега склучените договори од Дијалогот, но и со наметнување еднострани решенија на терен.

„За степенот на загрозеност на Србите говори и фактот што во изминатите четири и пол месеци се забележани 69 етнички мотивирани напади, што сочинува вкупно 35 отсто од вкупниот број вакви напади врз Србите откако Курти дојде на власт“, се вели во извештајот.

Српската страна ќе продолжи да инсистира на приоритет и итно исполнување на обврската за формирање Заедница на српски општини.

Извештајот дава преглед на состојбата по теми за кои досега се разговараше во дијалогот.

Во периодот на кој се однесува извештајот не е постигнат формален напредок во однос на формирањето на Заедницата на српските општини, а се посочува дека Белград побарал од посредникот без одлагање да ја исполни таа обврска на Приштина.

Во врска со преговарачкиот процес се одржани повеќе од 50 различни состаноци кои се водени пред се со претставници на ЕУ, но и на меѓународни организации и други земји кои повремено се занимавале со прашања поврзани со дијалогот.

Се наведува и дека кредибилитетот на српската страна како доверлив партнер посветен на нормализацијата на односите е зачуван и значително подобрен, со што се попречени „злонамерните намери на Приштина да го прикаже Белград како наводен извор на нестабилност во регионот“.

Белград извештај за преговорите Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.