НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест во Белград во пресрет на преговорите меѓу Србија и Косово

0
By Соња Крамарска on February 16, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стотици српски националисти се собраа во главниот град Белград и побараа владата да го отфрли планот на Западот за нормализирање на односите со Косово и да се повлече од преговорите, јавува агенцијата Анадолија.

Демонстрантите се собраа пред претседателската палата носејќи плакати на кои пишуваше „Косово е срцето на Србија“, „Нема предавање“ и „Предавството на Косово е предавство кон Русија!“.

Тие го блокираа сообраќајот и во еден момент ја срушија металната ограда до претседателството и се приближија до зградата извикувајќи: „Каде е Вучиќ“.

Групата потоа фрлала јајца кон прозорците и се заканувала дека ќе го убие српскиот претседател Александар Вучиќ, а полицијата потоа приведе некои од нив.

Нивното главно барање беше Вучиќ да се повлече од косовските преговори со западните земји и да не се формира Заедница на српски општини.

Вучиќ за еден локален ТВ канал изјави дека демонстрантите повикуваат на насилство и прашал што мислел Дамијан Кнежевиќ кога и рекол на владата: „Се плашите од немири. Ви се колнам дека сме подготвени на повеќе од ова“.

„Дали навистина мислите дека е можно, дали мислите дека нема да има одговор на ова? Државата ќе реагира многу ефикасно, многу брзо, многу сериозно и многу одговорно“, рече Вучиќ, обвинувајќи ги демонстрантите дека се антисрпски и дека добиваат средства и поддршка од „странска земја“.

Тој додаде дека сите оние кои се закануваат дека ќе го убијат и ветуваат немири доколку Белград се обиде да ги подобри своите врски со Косово, ќе одговараат во согласност со законот.

„Оние кои мислат дека можат да ја урнат Србија со своите невистини, со своите брутални лаги, оние кои мислат дека можат да урнат сериозна земја со закани, со малку оружје, со врските што ги имаат во некоја странска земја, со поддршката што ја добиваат во пари, најмногу во кеш од некои странци и се правдаат со голем патриотизам, а бидејќи прават многу добри работи за својата земја, никогаш не можат да ја победат Србија“, рече Вучиќ.

Главниот обвинител на Белград, Ненад Стефановиќ, рече дека секој што ќе се заканува на највисоките владини функции и сите членови на екстремистички групи кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните ќе бидат кривично гонети.

Европската унија бара Косово и Србија да постигнат конечен договор за решавање на прашањата меѓу двете земји.

Од неодамна, двете земји водат разговори кои се познати како француско-германскиот предлог. Според тој предлог, Косово треба да дозволи и создавање на Заедница на српски општини во северниот дел на земјата, каде што живеат многу Срби.

Претставниците на ЕУ се надеваат дека ќе ги завршат преговорите за планот напролет.

Белград демонстрации преговори Србија и Косово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.