НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ интеграцијата на Северна Македонија една од можните теми на средбите на Блинкен во Атина

0
By Ана Василевска on February 16, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската интеграција на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан би можела да биде една од темите за кои американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе разговара со неговите домаќини во Грција за време на средбите следната седмица.

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Карен Донфрид, одговарајќи на новинарско прашање на брифингот во пресрет на патувањето на Блинкен во Грција, во однос на ЕУ перспективата на Северна Македонија, рекла дека не знае со сигурност кои ќе бидат темите на агендата на средбите на Блинкен во Атина, но претпоставува дека ќе се најде и тоа прашање.

„Мислам  дека, не можам да ви кажам точно за што ќе разговара секретарот со неговите колеги во Грција, но претпоставувам дека тоа ќе биде една тема“, рекла Донфрид.

Додала дека на средбите ќе стане збор и за многу други прашањата како што се Украина и Русија, но и за земјотресите во Турција и Сирија.

Паралелно, истакнала Грција е силен поддржувач, како на Северна Македонија, така и на останатите земји од Западен Балкан кон нивната евро- атлантска иднина и членство во Европската унија.

„Во однос на прашањето за Грција и Северна Македонија, секако Грција е наш ценет НАТО сојузник. Исто така е и клучна членка на Европската унија. Видовме дека Грција постојано игра улога во поддршката на проширувањето на Европската унија пошироко на Балканот“, истакнала Донфрид.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен од денеска до 22 февруари ќе ги посети Германија, Турција и Грција.

Во Атина, ќе се сретне со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, со министерот за надворешни работи Никос Дендиас и со лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас.

Во вторник, Блинкен и Дендиас ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција.

Атина Европски интеграции Ентони Блинкен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.