Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потрагата по преживеани во Турција заврши, Лекари без граници пристигнаа во Сирија

0
By Соња Крамарска on February 20, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
Турските волонтери закачија балони врз урнатините на една зграда посветени на децата кои ги загубија животите во ужасниот земјотрес
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2023 11:44

Речиси 47.000 луѓе загинаа во земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, според последните официјални податоци, а бројот на жртвите се очекува дополнително да се зголеми, јавуваат агенциите. Како што одминува времето, се помалку има надеж дека има живи луѓе во урнатините, па спасувачките операции се прекинати насекаде, освен во две области и започна расчистувањето на урнатините.

Бројот на жртвите во двата разорни земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари во Турција се зголеми на 41.020 лица, објави државната Агенција за управување со катастрофи (АФАД). По тие два земјотреси следеа повеќе од 6.210 последователни потреси, јавува Анадолија. Потрагата и спасувањето е завршено, освен во провинциите Кахраманмарас и Хатај, изјави Јунус Сезер, шеф на АФАД. Речиси 47.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија.

Турската агенција за управување со катастрофи соопшти дека околу 6.040 последователни потреси ги погодиле 11-те провинции кои ја сочинуваат зоната на катастрофа прогласена од владата во деновите по првичниот земјотрес. Првичниот земјотрес бил со јачина од 7,8 степени, а девет часа подоцна следел земјотрес со јачина од 7,5 степени. Орхан Татар, генерален директор на агенцијата АФАД, изјави дека 40 последователни потреси биле со јачина од 5 до 6 степени, додека еден со јачина од 6,6 степени.

Меѓународната невладина организација Лекари без граници (MSF) повика вчера на итно зголемување на хуманитарната помош во северна Сирија. Конвој од 14 камиони со помош на Лекари без граници за жртвите од земјотресот пристигна денеска во Сирија преку граничниот премин Ал Хамам од Турција, јавува Радио Слободна Европа. „Помошта сега е занемарлива. Потребно е многу повеќе за да се одговори на размерите на хуманитарната криза“, велат од Лекари без граници.

Волонтери во Турција поставија црвени балони на урнатините на зградите во спомен на децата жртви од неодамнешните земјотреси. Предводени од фотографот Огун Норт Окура, тие се искачија на урнатините во Хатај и прикачија балони на металните жици што штрчеа од купот отпад. „Овде изгубивме многу ангели. Закачуваме балони во името на децата што ги загубија животите овде. Секој балон овде претставува едно дете“, вели основачот на здружението Огун Север Окур.

Околу 105.794 згради проверени од Министерството за животна средина и урбанизација на Турција биле или уништени или оштетени доволно за да се бара уривање, соопшти Министерството. Од нив 20.662 пропаднале, се вели во соопштението. Имаше повеќе од 384.500 станбени единици, главно станови, во оштетени или уништени згради. Овие бројки не ја вклучуваат штетата во Сирија.

„Лекари без граници“ земјотрес 2023 Сирија Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.