Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Земи цевку и работи! – Од корен треба да се чисти злото, Латас е само капка во морето

0
By Ана Василевска on February 20, 2023 ВЕСТИ, КОЛУМНА, ОПШТЕСТВО
Ана Василевска
Ана Василевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 20, 2023 13:10

Ана ВАСИЛЕВСКА

Легендарната реплика од „Среќна нова 49-та“ , „Земи цевку и работи!“ е идеална аналогија на примитивната изјава на Латас во интервјуто кај некој јутјубер Лазаров, која комплетно ја скандализираше јавноста. Со таква леснотија и веројатно концепт дека ќе излезе супермаскуларен, шармантен олдфешн фраер, тој за своето прво сексуално искуство раскажа дека го сторил по „налог“. Во фиќото имало жена на која „сите и се ределе“ па и тој морал: „Ми рекоа, влагај и работи, и ја шо да праам“.

За сексуалната не знам, но целата негова новинарска кариера подоцна се одвива на истиов начин. По налог, и со насилство.

Речиси и ги заборавивме сите гадости и коментари на „великиот“ новинар што ја труеше јавноста преку вестите на Сител, и еве го, во центарот на вниманието повторно. И секако, гнасно, недолично, несовесно.

Ајде да одиме по ред.

Неговата неодговорност како човек од медиумите сме ја виделе, но овој пат без трошка разум, своите сељачки тези ги пласира кај јутјубер кој веројатно го следат илјадници млади луѓе. За ступидноста на јутјуберов не е потребно да се коментира, тој е производ на безвредносната инстант инфлуенс или селфи култура, сѐ на сѐ, ординарни глупости што ни ја трујат младината.

Но, „новинаров“ на кој, за огромна жал, за дел од јавноста е некаков авторитет, се излета како напален тинејџер. Можеме да релативизираме и да спориме дали „реденката“ е  чин на масовно силување, или пак не, ама едно е сигурно, тој зборува за насилни „машки игри“ на психопати што се палат на шамари. И за ова институциите треба да поведат сметка.

Чекајќи ги надлежните да го истражат или пак квалификуваат чинот за кој со гротескна насмевка раскажа Латас, здруженијата на граѓани за заштита на човековите права излегоа со осуда. И ова беше доволен мотив, Латас наместо да се засрами, повторно глупаво да се обиде да го спинува настанот, начин на кој ги правдаше и крвничките злодела на режимот на Груевски. Да политизира, навредува, „соросоиди“, „политичка одмазда“ итн, зборови што би ги вметнувал и ако зборува за економија, општество, што и да е. Среќа не го краси некоја елоквентност и препелкајќи се да се извади, потона во жива кал.

Според него, овие организации се склони да пропагираат девијации борејќи се против родово базирано насилство (кое секој месец има по некој фаталаен исход на фемициди), или пак за правата на геј заедницата, а тој е вистински маж кој ете само „се истресол“  на некоја што истото „сама си го барала “. А тој, ете,  ќе не врати на традиционалните вредности – тепање и понижување на жени.

Овој наратив на грозоморни ретроградни, па и психотични изјави мора да биде итно санкциониран. Јавната осуда е првиот чекор. Локалните тепачи како оние во „Среќна нова 49-та“, локални фрустрирани моќници, кој својата немоќ ја изразуваат со доминација врз жените и нивно омаловажување, треба да останат во минатото, а секој обид да се оживее „традицијата“ да се сосече во корен. Ако е потребно и со цевка.

Епидемијата на саморазобличување на некои „новинари“ се шири и се надевам ќе кулминира, за да се исчистат од медиумскиот простор, заборавени како бледи и штетни сцени од лоши филмови.

 

 

 

Драган Павловиќ Латас јутјубери насилство Хелсиншки комкитет за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.