НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Милион барања за азил стигнале до ЕУ минатата година, најмногу од Сирија

0
By Ана Василевска on February 22, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Минатата година во ЕУ се примени околу 966.000 барања за меѓународна заштита, што е зголемување од 50 отсто во однос на 2021 година, според податоците на Европската агенција за азил објавени денеска. Бројот на апликации ги вклучува и пријавите поднесени во Швајцарија и Норвешка.

Тоа е најголем број од 2016 година, а најмногу апликанти доаѓаат од Сирија (132.000), Авганистан (129.000) и Турција (55.000). Значителен број апликации беа пријавени и од државјани на Венецуела (51.000), Колумбија (43.000), Бангладеш (34.000), Грузија (29.000), Индија (26.000), Мароко (22.000), Тунис (21.000) ), Египет (15.000), Молдавија (8.300).

Агенцијата прецизира дека зголемувањето на бројот на апликации се должи на укинувањето на пандемиските ограничувања, но и на недостигот на храна. Забележано е дека ЕУ во меѓувреме им дала заштита на четири милиони Украинци кои избегале од војната.

Се додава дека бројот на „нерешени“ решенија за апликации достигна највисоко ниво во последните шест години – околу 636.000, а тоа е зголемување за 44 проценти за една година. Минатата година во ЕУ беа донесени околу 632.000 првостепени решенија (зголемување од 20 проценти).

Одобрени се околу 40 отсто од поднесените барања, при што на околу 147.000 им е доделен статус на бегалци, а 106.000 добиле заштита. Најчесто се исполнуваат барањата на граѓаните на Сирија, Белорусија, Украина, Еритреја, Јемен и Мали. Само во четири проценти од случаите им се доделувало заштита на државјани на Индија, Северна Македонија, Молдавија, Виетнам, Тунис, Босна и Херцеговина, Србија и Непал.

Авганистан азиланти Европска унија Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.