НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Финансиската поддршка е добредојдена во семејствата на ранливите категории граѓани

0
By Marta Pesevska on February 24, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Струмица посети две семејства корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Едното лице како корисник на правото на социјална сигурност за стари лица преку кое што право добива 7200 денари редовна исплата секој месец, добива и надомест за енергенси од 1000 денари и плус парична поддршка од 3000 денари месечно во период од четири месеци или 12.000 денари за четири месеци. Тоа се околу 11.200 денари обезбедени од државата месечно во рок од 4 месеци.

Додека пак, второто лице како корисник на правото на надоместок заради попреченост добива 8600 денари, и надоместок за помош и нега од друго лице од 5400 денари, користи исто така парична поддршка од 3000 денари месечно, тоа се вкупно обезбедени 17.000 денари месечно. Ова лице е корисник и на услугата лична асистенција.

„Разговаравме за нивните предизвици, потреби и за тоа колку им значи поддршката од Владата особено во време на криза. Добив уверување дека мерките се од голема помош и навистина значајни во секое семејство особено во кризни времиња.  Како Влада и ресорно министерство ги мапиравме во моментот најранливите категории на граѓани и донесовме антикризни мерки, со цел полесно справување со кризата од која ниту една држава во светот не беше поштедена,” истакна Тренчевска.

Финансиската поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, веќе се исплаќа три месеци, а во месец март ќе биде реализирана и четвртата исплата.

Согласно овој Закон право на финансиска поддршка добиваат:

– над 36 .000 корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток,на правото на надоместок заради попреченост,со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, на месечно ниво четири месеци.

– над 130.000 корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари и корисници на право на надоместок за телесно оштетување и

– над 5000 и корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Покрај овие мерки претходно, исплативме по 3000 денари парична поддршка за сите 330.000 пензионери и околу 36.000 корисници на правото на Гарантирана минимална помош.

„Наша обврска е да се грижиме за граѓаните. За тоа потврдува и растот на минималната плата, пензиите и надоместокот за попреченост. Ова го направивме со носење на системски решенија кои даваат резултати на долг рок. Оваа Влада се грижи за своите граѓани. И како што ветивме дека никој нема да биде изоставен и заборавен, така и понатаму продолжуваме. Креираме политики и мерки од кои директна придобивка имаат сите граѓани,”потенцираше Тренчевска.

Јованка Тренчевска лична асистенција МТСП Надоместок социјално ранливи категории
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.