Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г20: Лавров и Блинкен си префрлаат одговорност за иницијативата за извоз на жито преку Црно Море

0
By Ана Василевска on March 2, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 2, 2023 14:20

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска го обвини Западот дека „бесрамно ја поткопува“ иницијативата за извоз на жито преку Црното Море, а американскиот државен секретар Антони Блинкен ја повика Русија да го обнови договорот, што истекува овој месец.

Русија постојано го критикуваше пристапот на Западот кон договорот, што беше постигнат минатиот јули со посредство на Турција и ОН, тврдејќи дека земјите кои воведоа санкции кон Москва не прават доволно за да ги намалат ограничувањата на рускиот извоз, особено на вештачките ѓубрива.

„Западот бесрамно ја поткопува добро познатата хуманитарна иницијатива на генералниот секретар на ОН, рече Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Њу Делхи“ говорејќи за иницијативата за извоз на жито.

Сегашната фаза од договорот трае до 18 март. Тој ќе биде продолжен доколку ниту една страна не поднесе формален приговор.

Русија и пред истекот на рокот во ноември ги засили критиките за договорот во обид да добие повеќе отстапки од Западот, но на крајот дозволи тој да биде продолжен за уште 120 дена.

Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека нема да се согласи на второ продолжување на договорот доколку не се земат предвид интересите на руските фармери.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пак, денеска, на форумот на Г20 побара од Русија да го обнови договорот.

„Од најголема важност е Г-20 да се согласи на продолжување и проширување на Иницијативата за жито со цел да се зголеми безбедноста на храната на најранливите, рече Блинкен во Њу Делхи“, пренсен од француските медиуми.

„Русија намерно и систематски го забави темпото на инспекциите, создавајќи заостој на бродовите што сега би можеле да достават храна до светот“, додаде тој.

Договорот досега овозможи извоз на околу 20 милиони тони украинско жито

Антони Блинкен Г-20 извоз на жито од Украина Сергеј Лавров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

ВЕСТИ June 12, 2026

Прва награда за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60.…

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.