НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти во косовскиот Парламент повтори дека ЗСО не поминува, опозицијата го обвинува дека тој веќе ја прифатил

0
By Ана Василевска on March 3, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовскиот премиер Албин Курти, ноќеска, за време на дискусијата во косовското Собрание за Договорот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија ја повтори фразата „Заедницата не поминува“, но опозицијата го обвини дека тој веќе ја прифатил.

„Заедницата помина овде во Собранието. Но таа не поминува. Не беше поддржана од Уставниот суд. Не беше прифатена од народот. Заедницата не поминува ниту од премиерот, ниту од Владата“ЗСО, рече Курти.

Премиерот кажа дека прашањето за формирање на Заедницата на српските општини е тоа што најмногу се бара од Србија во дијалогот.

„Кога ќе се сретнам со претседателот на Србија во Брисел, тој само вели „Заедница“ и ништо повеќе“, изјави Курти.

Претседателот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово, Љумир Абдиџику, говорот на Курти во доцните полноќни часови го нарече бајка.

Тој кажа дека Курти покажува како изгледа кога „промената има форма“.

„Само што ја слушнавме приказната дека Курти не се променил. Човекот кој бараше ’не преговори, туку самоопределување’ не се промени. Човекот кој бараше извинување пред дијалогот не се промени. Тој што бараше конфронтации со минатото и кој на крајот ја надмина историјата. Оној кој бараше признание заврши со неутралност. Човекот кој имаше шест услови заврши со ниту еден“, рече Абдиџику.

Пратениците од опозицијата го обвинија Курти дека се откажал од ветувањата што ги дал во предизборната кампања со прифаќање на европскиот план.

Претставникот на Демократскиот сојуз на Косово, Дритон Селманај, потсети на шесте услови кои Курти ги наведе на почетокот на февруари за прашањето на Заедницата и додаде дека се откажал од нив со прифаќање на европскиот план.

„За прв пат, и покрај изјавата на Бајден дека признавањето треба да биде во центарот, Американците сега се позиционирани за политички договор со многу непознати. Мислам дека ова е последица на неодговорното однесување на Курти“, рече Селманај.

Пратеничката на Демократската партија на Косово, Блерта Дељиу-Кодра изјави дека Курти „има поголема битка од онаа со опозицијата“ и дека тоа е „битка со самиот себе, односно со Албин Курти кој беше во опозиција“.

Според неа, прифаќањето на договорот ја разоткри кариерата на Курти полна со демагогија, измами, манипулации и лицемерие.

Потпретседателот на Собранието од ДПК Енвер Хоџај изјави дека документот што го прифати Косово „го официјализира меѓународното непризнавање на Косово“.

„Нема ниту де факто, ниту де јуре признавање, туку на Србија и се нуди првата победа“, рече тој.

Пратениците на Самоопределување застанаа во одбрана на премиерот по обвинувањата на опозицијата.

Албин Курти ЗСО Љумир Абдиџику
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.