Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фредериксен: Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО, ја има нашата поддршка и за ЕУ

0
By Ана Василевска on March 6, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 6, 2023 15:22

Данската премиерка Мете Фредериксен, која, е во официјална посета на Тирана, изјави дека Албанија е високо ценет партнер за Данска и многу доверлив сојузник на НАТО.

„Албанија е високо ценет партнер за Данска и вие сте многу доверлив сојузник на НАТО. Во време кога Европската Унија е поважна од кога било досега, се надевам дека можеме да изградиме уште посилно партнерство и многу сум сигурна дека ќе го направиме тоа, изјавила Фредериксен“, јави АТА.

На заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин Еди Рама, додала дека нејзината земја ќе ја поддржи Албанија на патот на интеграцијата, за влез во ЕУ и го пофалила Рама за неговата посветеност на интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија.

„Мислам дека вие сте еден од најсилните гласови во Европа кога станува збор за важноста на целосна интеграција меѓу Западен Балкан и остатокот од Европа, а тоа станува се поважно. Пред 10 дена ја одбележавме првата годишнина од војната во Украина, а вие реагиравте многу жестоко за ова прашање. Бевте силен поддржувач на Украина, тоа е силна работа. Сите ние треба да бидеме свесни за многу кревката ситуација во многу земји од Западен Балкан. Мислам дека вашата посветеност на европските вредности е важна и ова е исто така многу силен дел од отворањето на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Знам дека е многу долг пат, но ние ќе ве поддржиме“, изјавила Фредериксен.

За членството во ЕУ, Рама рече дека „целта не е брзо членство туку исполнување на условите за достоинствен влез“.

„Никој не прави повеќе, ниту Данска, ниту Албанија. Данска беше многу фер кон нас и имаме многу посебен однос и горд сум за тоа. Не се работи за брзање да станеме членка, туку за извршување на домашната задача онака како што треба. Искористување на ова знаење и надополнување на капацитетите на ЕУ. Ако немате знаење, не можете да го направите тоа. Нема компромис за стандардите, туку многу повеќе да се биде отворен“, изјавил Рама, изразувајќи голема благодарност за поддршката на Данска за нејзината земја.

Двајцата кажаа дека разговарале за разни теми за унапредување на билатералната соработка, посебно во областа на инвестициите и туризмот.

„Постои нашиот интерес за данското претприемништво. Тие придонесоа за промена на нашата држава. Посакувам и се надевам дека премиерката преку социјалните мрежи го поттикнува доаѓањето на младите во Албанија. Ви благодариме за посетата и мило ми е што сте тука. Не ја сметам за последна посета, но од она што го разбрав ќе продолжите да победувате на изборите во Данска“, посочил Рама.

Сите ние треба да бидеме свесни за многу кревката ситуација во многу земји од Западен Балкан. Мислам дека вашата посветеност на европските вредности е важна и ова е исто така многу силен дел од отворањето на преговорите за членство на Албанија во ЕУ.

Фредериксен е прв дански премиер што ја посетил Албанија.

Албанија Данска Еди Рама НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.