НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битка за Бахмут: Машина за мелење човечко месо; Русите напаѓаат со лопати; стотици мртви секој ден

0
By Gabi Tocko on March 6, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
БИТКА ЗА БАХМУТ Украински војник на стража, декември 2022 (фото извор: Wikimedia Commons)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
  • Битката за Бахмут трае повеќе од седум месеци.
  • Секој ден – стотици загинати руски војници и платеници, според украински извори, руските загуби се 20.000 загинати од август до февруари.
  • Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека евентуалната победа на руските сили во Бахмут нема да го ја смени насоката на војната во поширока смисла.

Битката за Бахмут трае повеќе од седум месеци. Рускиот ракетен терор кој се интензивира на 1 август, нанесе огромни штети. Битката за овој град во источниот дел на Украина веќе досега предизвика ужасни жртви.

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР Станбена зграда во Бахмут по руски ракетен напад во мај 2022 (фото извор: Wikimedia Commons)

Во градот со население од 80.000 жители пред целосната руска инвазија, сега се проценува дека се останати само околу 4.000 цивили.

Украински извори од боиштето за ЦИВИЛ Медиа потврдуваат дека руската страна трпи огромни губитоци секојдневно. Според сведоштвата, на повеќе места во јужните предградија се води беспоштедна битка гради в гради, често и во исти станбени блокови и исти станови во зградите зафатени со борбите.

За поместување на фронталната линија од само неколку метри до максимум 50 метри, руските сили губат стотици војници и платеници секој ден. Вистинска машина за мелење човечко месо. Меѓу агресорите има голем број тешки криминалци, пуштени од затворите да ја заработат својата „слобода“ со учество во крвавиот напад на Бахмут.

На руските регрути и платеници им е издадена команда да не употребуваат огнено оружје, за да штедат муниција. Наместо тоа, напаѓаат со мали пешадиски лопати од 19-от век.

Путин и Групата Вагнер постојано трупаат нови војници и платеници на урбаниот фронт во предградијата на Бахмут, но ним им недостасува обука, а во последно време и муниција, така што не е чудно што загубите се огромни.

СТРАВИЧНИ ГЛЕТКИ Руската страна губи стотици војници и платеници дневно (фото извор: Укринформ)

Според украинските воени извори, во битката за Бахмут од август до крајот на февруари, руската страна изгубила повеќе од 20.000 војници и платеници .

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека Бахмут има повеќе „симболична вредност“, отколку „стратешка и оперативна вредност“. Тој смета дека евентуалната победа на руските сили во Бахмут нема да го ја смени насоката на војната во поширока смисла.

БИТКА ЗА БАХМУТ Украински војник во рововите околу Бахмут, ноември 2022 (фото извор: Wikimedia Commons)

„Падот на Бахмут нема нужно да значи дека Русите ќе ја променат насоката на војната“, изјави Остин, зборувајќи на прес конференција за време на официјалната посета на Јордан.

Тој одби да шпекулира за тоа како би можела да се одвива битката.

Украинските власти соопштија дека руските сили не презеле целосна контрола врз источниот украински град.

Во своето ноќно обраќање, украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека властите се подготвуваат за војна против Русија која очекуваат да продолжи во втората година. Веќе се работи за зајакнување на капацитетите за греење за следната зима.

Сцените на боиштето во Бахмут личат на оние од Првата светска војна (Фото извор: Wikimedia Commons)

Украинските трупи „продолжуваат да нанесуваат големи загуби“ на руските воени и платенички сили во Бахмут, соопшти Институтот за проучување на војната, иако се вели дека украинските сили веројатно спроведуваат и „ограничено борбено повлекување“ од областа. Одбраната на градот има смисла од перспектива на Киев „сè додека украинските сили не трпат прекумерни жртви. Оваа битка значително ги истроши руските трупи и опрема“, се вели во извештајот на Институтот.

Џ. Дерала

Извор: ЦивилМедиа 

Бахмут Загуби Лојд Остин Руски агресор Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.