НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска цел месец молчи за истрагата на финансиските трансакции за „Мајки“ на Милчо Манчевски

0
By Ана Василевска on March 8, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред повеќе од две години, Агенцијата за филм, со соопштение „Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти“ каде што ги повикуваат институциите да ги истражат постапките и да се позанимаваат „со хонорарите на режисерот Милчо Манчевски“, ставајќи ја на располагање на институциите целокупната документација.

Антикорупциската комисија на 3 февруари за време на јавната седница посочи дека се чека извештај од Државниот завод за ревизија за да одлучи дали има основ за продолжување на постапката за утврдување на можни злоупотреби на средствата од Агенцијата за филм.

„Се работи на извештајот и очекуваме наскоро тој да ни биде доставен. Бидејќи има нови пријави за наводни нерегуларности, ќе почекаме да видиме дали тие се вклучени во ревизијата, а потоа, ако има потреба повторно ќе го отвориме случајот“, објасни претседателката на Комисијата Билјана Ивановска, не прецизирајќи кога точно би бил готов извештајот бидејќи немале ингеренции да вршат притисок врз ДЗР.

На прашањето „Дали во рамки на истрагата се следат и финансиските трансакции за филмот „Мајки“, каде има нерасчистени финансиски извештаи и тој предмет не е затворен, од комисијата повеќе од еден месец не одговара иако за време на јавната седница посочија дека во интерес на времето ќе одговорат подоцна.

По објавената сторија на ЦИВИЛ Медиа со наслов: „Банана продукција, Милкман Продакшн и Милчо Манчевски – гаранција за успех на филм или тезга за големи пари?“ имаше многу реакции и во јавноста кои посочуваат за одредени финансиски злоупотреби.

Инаку, ЦивилМедиа деновиве потсети дека пред повеќе од две години, Агенцијата за филм, преку соопштение „Како Милчо Манчевски извлекува милионски суми за проекти“ ги повикала институциите да ги истражат постапките и да се позанимаваат „со хонорарите на режисерот“, ставајќи ја на располагање на институциите целокупната документација.

Филмскиот проект со работен наслов „Како бебе“ или „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“ од Скопје , според документацијата која ја поседува ЦИВИЛ Медиа, не е финансиски затворен кон Агенцијата за филм.

Филмски фонд во неколку наврати со дописи до Манчевски бара да ги исполни своите обврски согласно Договорот, за што подоцна е склучен и Договор со ревизорска куќа за ревизија на проектот. Ревизијата не е спроведена.

Тогашната Влада на Никола Груевски „изразила поддршка за филмскиот проект“ со дополнителни средства, пред воопшто и да се донесе официјална одлука за финансирање на филмскиот проект од страна на Филмскиот фонд.

Владата на 88 седница одржана на 28.07.2009 година донесува заклучок со кој се задолжува Министерството за култура средствата во износ од 24.800.000 денари / 403.252 евра да ги предвиди во буџетскиот циркулар за 2010 година, а Одлуката за финансирање по Конкурс е донесена на 11.08.2009 година, додека, пак, Договорот за финансирање е склучен на 31.07.2009 година со Филмскиот фонд, што значи пред донесување на Одлуката на УО на Филмскиот фонд.

„Мајки“ од Филмскиот фонд добива 55.800.000 денари/ 907.317 евра.

Исто така, и средствата се исплатени пред донесување на Одлуката (не е запазена соодветно законската процедура, а произлегува од притисоците кои вообичаено ги врши продуцентот).

  • 9.000.000 денари уплатени на 05.08.2009 година
  • 9.000.000 денари на 08.08.2009 година и
  • 5.000.000 денари на 11.08.2009 година на денот кога е донесена Одлуката

Согласно извештајот на Филмскиот фонд изготвен на 16.04.2013 година, во својот наративен извештај продуцентот истакнува дека за промоција на филмот воопшто не добил средства и дека самиот ги обезбедил, што не кореспондира со фактичката состојба и документите.

Имено, спротивно на обврските од Договорот, продуцентот во неколку наврати префрлил средства за промоција кои ги нотирал во финансискиот извештај и се во висина од 125.000 евра на американската Quantum Comunications, средства кои не биле предвидени и одобрени во буџетот за финансирање на проектот.

Во извештајот од Филмски Фонд од 16.03.2013 година, констатирана е нејасна исплата од 12.000 долари. Поточно, продуцентот, со средства наменети за продукција на филмот, исплатил членарина за прикажување на филмот на филмски фестивал во 2010 во Торонто.

Премногу нејаснотии, а премногу пари на граѓаните се придружници на овие филмски проекти. И премногу молк од институциите.

 


И за „Сенки“ Милчо Манчевски не доставил финансиски извештај, а потрошил речиси 20.000 евра за рекламирање

Извор Цивил Медиа

Антикоруциска комисија Милчо Манчевски Финансиски трансакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.