НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гир: Нема толеранција за корупцијата, потребна е промена на системот

0
By Соња Крамарска on March 9, 2023 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Немам увид во поединци кои би можеле да бидат цел на санкции, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир на прашањето дали Брисел е запознат за лица поврзани со висока корупција, откако американската амбасадорка Анџела Агелер посочи дека едно до две лица ќе бидат на црната листа на САД.

Евроамбасадорот нагласи дека кога е во прашање корупцијата, нема толеранција и не се работи за идентификување поединци, туку за промена на системот.

„Прашањето за корупција е многу важно што навлегува во сржта на пристапниот процес. Тоа е толку многу важно што го вклучивме во основите прашања. Ја испитуваме борбата со корупцијата и се трудиме да се бориме со неа во секоја фаза од целиот тој процес. Тука не се работи за идентификување поединци туку за промена на системот за институциите да можат да се борат, да се справат со корупцијата и сите да знаат дека не постои толеранција за корупцијата. Тоа е долгорочен процес во кој сме вклучени и таму имаме важна улога. Владата ја има водечката улога, но има и други, како граѓанското општеството, бизнисите, како и политичките партии. Но не, немам некој увид во поединци кои би можеле или не би можеле да бидат цел на санкции“, рече Гир, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција по официјалните обраќања во Владата по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од ЕУ за справување со енергетската криза.

Дејвид Гир Корупција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.