НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Ги следиме сите движења на пазарот, ако има потреба ќе реагираме и кај цените на овошјето и на зеленчукот

0
By Соња Крамарска on March 15, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека Владата ги следи сите движења на пазарот и ако цените на основните суровини паѓаат, а цените на производите останат исти тогаш ќе мора да се донесат и други одлуки за замрзнување на цените и на други производи, како за овошјето и за зеленчукот.

„Ги следиме сите движења на пазарот. Со завршувањето на грејната сезона во Европа и цените на берзите за скоро сите прехранбени производи почнаа да паѓаат. Очигледно дека справувањето со економската криза и кризата со храна во цела Европа беше успешна операција и веќе резултатите се даваат. Тоа ќе значи дека и кај нас и трговците, но и сите други ќе треба да ги следат сите текови. Ако основните суровини паѓаат, не може цените да останат исти. Како што ги презедовме мерките за основните прехранбени производи, леб, тестенини, млеко и млечни производи истото го навестивме и за една низа на други продукти. Ќе ги следиме и цените на овошјето и зеленчукот и ако трговците, но и производителите сами не реагираат, пораката од Владата е јасно дадена дека граѓаните нема да ги оставиме сами и ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните“, рече денеска Битиќи одговарајќи на новинарско прашање на трибината со млади „Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“.

Според него нема да има санкции, затоа што, како што вели, замрзнувањето на цената е доволна непазарна мерка.

„Ако производителите и трговците не ја спроведуваат одлуката онака како што треба, тогаш Владата ќе ги преземе мерките кои се потребни, а тоа е замрзнување на цените. Тоа е најтешката одлука за еден произведувач или трговец, но јасно кажувам дека во сите пресметки не сме нанеле штета со замрзнување на цените. Затоа секогаш велам дека во пазарна економија мора да има морал и етика“, додаде Битиќи.

На прашањето дали на полиците во маркетите веќе се гледа намалување на цените на тестенините, млекото и млечните производи, Битиќи рече дека производителите очигледно го чекаат последниот ден за да ги намалат цените.

„Очигледно така сме навикнати во нашето општетство, секогаш е последниот ден, дури и ако е за добра работа чекаме последен ден. Ќе ги видиме утре наутро цените коишто ги кажавме“, рече тој.

Владата донесе одлука и им даде рок од речиси една недела, односно до 16 март, на трговците и производителите да ги намалат цените на тестенините и на млечните производи за 15, односно 10 отсто.

Со одлуката, од тестенините опфатени се макароните и шпагетите. Во сила е и одлуката за замрзнување на цената на млечните производи: трајно кравјо млеко со 2,8, 3,2 и 3,5 отсто масленост, урда, кравјо и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт.

Одлуката ќе се применува од 16 март 2023 година до 31 мај 2023 година.

Ова е второ замрзнување на цените годинава. Претходно, на владина седница на 28 февруари беше одлучено да се замрзне цената на белиот и полубелиот леб со тежина од 450 грама и повеќе на максимални 33 денари. Исто така, поради тоа што претходно не ги намалија цените, беше укинато субвенционирањето односно повластената тарифа на струјата за производителите на основни прехранбени продукти.

Од основните прехранбени производи незамрзнати останаа уште цените на шеќерот, јајцата од кокошка и македонскиот ориз, за што министерот за економија Крешник Бектеши рече дека се прават анализите и доколку производителите и трговците сами не ги намалат цените тогаш ќе треба Владата да донесе одлука за замрзнување и на овие цени.

 

 

 

 

 

 

 

Фатмир Битиќи цени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.