Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел од Охрид: Косово се согласи за давање на самоуправа на српската заедница

0
By Соња Крамарска on March 18, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 18, 2023 23:56

„По 12 часа разговори ја добивме спогодбата за реализација, односно, Косово и Србија се договорија за анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите. Во рамки на тој анекс страните се обврзаа да ги спроведат сите обврски без одложувања“.

Ова го истакна шефот на европската дипломатија Жозеп Борел по завршувањето на разговорите со лидерите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти. Тој нагласи дека Косово ќе треба да пристапи кон давање „самоуправа за српската заедница“.

Борел во својата изјава рече:

„Имавме навистина долг ден во Охрид, им благодарам многу на нашите пријатели во Северна Македонија на големото гостопримство во преубавиот Охрид, крај преубавото езеро, планинините, на фантастичниот поглед. Сигурно ќе се вратиме тука за да поуживаме.

Нашата цел денеска беше Белград и Приштина да се договорат за спроведување на договорот од последниот состанок од 20 февруари во Брисел. Договорот денеска беше на маса со цел да се договориме на каков практичен начин тој да се реализира.

По 12 часа разговори ја добивме спогодбата за реализацијата, односно, Косово и Србија се договорија за анексот за спроведување на договорот за нормализација на односите. Во рамки на тој анекс страните се обврзаа да ги спроведат сите обврски без одложувања.

Преговорите беа тешки, не кријам, па и штом 12 часа се разговарало тоа е и знак за тешкотиите.

Косово се согласи веднаш, и тоа веднаш, да почне во рамки на дијалогот за воспоставување на аранжман за обезбедување на самоуправа за српската заедница на Косово. Страните ја поддржуваат декларацијата

Предложивме поамбициозни точки за договарање, но тој план не се оствари сосема.

Тоа што страните го прифатија, а тоа е договорот и анексот, тоа станува составен дел на нивниот пат кон ЕУ. Страните се согласија дека тоа ќе биде важен дел од нивниот пат кон ЕУ, односно тоа ќе бидат нивни обврски кои доколку не се реализираат, ќе се сносат последици. Но секако, ако се спроведуваат, ќе имаат многу поволности страните на спогодбата

Се работи и за просперитет и безбедност на целиот регион, па и пошироко во геополитички контекст. Во понеделник шефовите на дипломатиите ќе се состанат, а во четврток и петок и лидерите на членките на ЕУ и јас детално ќе ги информирам за денешните разговори.

Косово и Србија мора да ги нормализираат односите, тоа не може веќе да се избегнува, договорот и анексот се во таа насока многу важни и ние ќе работиме напорно на таа реализација“.

Жозеп Борел разговори во Охрид СРБИЈА И КОСОВО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.