Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти: Во Договорот за имплементација се зборува за правата на српската заедница, а не за формирање Заедница на српски општини

0
By Соња Крамарска on March 22, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 22, 2023 15:07

Европската унија мора да обезбеди Србија да ги спроведе договорените активности на терен, изјави за новинарите косовскиот премиер Албин Курти по денешната владина седница.

Тој нагласи дека точката 7 зборува за правата на српската заедница, а не за формирање на Заедница на српски општини.

Курти рече дека не го засегаат изјавите на српската страна и оти Европската унија мора да обезбеди Србија да ги спроведе на терен договорите, вклучително и тој во Охрид.

„ЕУ вели дека тоа е договор, а имаме изјави од српска страна кои покажуваат дека нема намера да спроведе некои работи и дека се обидува да раскине некои договори. Но, ние не треба да се занимаваме со тоа. Сега ЕУ е таа што мора да се погрижи договореното да се имплементира на терен“, рече Курти.
Тој додаде дека медијаторот го контролира спроведувањето и дека ќе има последици за секое отстапување, деформација или прекршување на договорот.

Говорејќи за Заедницата на српските општини, премиерот на Косово повтори дека заедницата и општината не значат исто, коментирајќи ја изјавата на Мирослав Лајчак дека, меѓу другото, во точка 7 се зборува за спроведување на договорите од 2013 и 2015 година и задолжително формирање на Заедница на српски општини.

„Заедницата“ не може да се поистоветува со зборовите „Општина“ или „Здружение“. Во точката 7 од основниот договор се наведува одреден степен на независност на српската заедница. Се вели „Српска заедница“, а не „Општина“. Знаете, заедницата не е територијална категорија, општините се територијални и административни единици. Значи не е иста работа. Разбирам дека не се сосема различни, но не се ни иста работа. И во Собранието кажав дека од моја гледна точка, не само политички, туку и правен, кога велиме српска заедница, автоматски мислиме на рамковниот договор за заштита на малцинствата во рамките на конвенцијата на Советот на Европа. Ова е платформа, како што разбираме, и ние сме посветени на правата на заедниците, вклучително и на српската“, рече Курти.

Тој повтори дека има 39 потпишани договори и дека ниту еден нема приоритет. Курти тврди дека Србија инсистира на формирање на Заедницата на српски општини, но не го спроведува договорот, на пример, за враќање на катастарските книги и за признавање на дипломите.

Албин Курти Заедница на српски општини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.