НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Заедно институциите, граѓанскиот и меѓународниот сектор можеме да направиме многу повеќе во борбата против насилството

0
By Marta Pesevska on March 22, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Британија во Република Северна Македонија, Метју Лосон,  градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, претставничката на УНФПА, Афродита Плавјанска Шалја го посетија здружението на граѓани „Скај плус”, Струмица, кое покрај засолниште има воспоставено и советувалиште за жени жртви на семејно насилство и нивните деца во Општина Струмица.

Владата на Република Северна Македонија, со поддршка од Британската амбасада, презеде цврсти чекори во заштитата на жртвите на Семејно Насилство и Родово базирано насилство и овозможување на соодветни услуги за заштита и поддршка на жртвите на насилство и нивните деца.

„Скај Плус” како засолниште за жртви од насилство, е пример за модел на соработка кој ги вклучува сите клучни чинители, Министерството за труд и социјална политика, локалната самоуправа, полицијата, граѓанското општество и приватниот сектор“, истакна министерката за труд и социјална политика,” Јованка Тренчевска.

Таа посочи дека потребно е следење на текот на живот на жртвата со цел повторно интегрирање во општеството.

„Животот на жените кои се жртви на семејно насилство е исполнет со предизвици и затоа ние како општество пред се треба да работиме на градење на нивната самодоверба преку креирање на можности за развој и напредок. Токму тоа го промовираме со кампањата која ја спроведуваме како Министерство за труд и социјална политика – „Гласна и храбра”, целта ни е жените жртви на семејно и родово базирано насилство економски да се зајакнуваат и да ја разберат важноста на менталното здравје во повторно интегрирање во општеството и да ја разберат силата која ја имаат во себе, а која им е клучна кон градењето на комплетна благосостојба. Затоа што за нас е важно секој еден во нашата држава да има достоинствен живот како и подеднакво да ги ужива сите права. И кога жените го користат својот максимален потенцијал, тогаш ние влијаеме на искористување на потенцијалот на нивните деца, а со тоа трансгенерациски ги искоренуваме повторените однесувања,” рече Тренчевска.

Амбасадорот Метју Лосон,  го истакна значењето на поддршката на жените и девојките кои претрпеле семејно насилство.

„Тоа е неверојатно важно прашање и навистина мислам дека фактот да се биде во Струмица заедно со граѓанскиот  сектор,  заедно со локалната самоуправа е навистина добар пример за соработка помеѓу партнерите во оваа земја и меѓународните партнери изаедничката  поддршка насочена кон жените и девојките и ова прашање  останува да биде приоритет за британската влада преку нашата работа во оваа земја,” истакна амбасадорот Лосон.

„Како УНФПА, горди сме што го препознавме моделот на соработка со сите локални чинители кој успешно го применуваат шелтер центарот Скај Плус од Струмица и со поддршка на Британската Амабасада, помагаме овој модел да се примени и во други општини.

Заедно со нашите партнерски институции и организации работиме на неколку полиња во унапредување на сервисите за жртвите и преживеаните. Помогнавме да се заокружи законската рамка преку сите подзаконски акти, да се изработи Протоколот за мултисекторско постапување и соработка и да се дизајнира модел на интегрирано собирање и анализа на податоци за родово базирано и семејно насилство. Преку заедничките кампањи и локални средби, интензивно работиме услугите да бидат достапни особено до ранливите категории на жени и девојки. Не застануваме тука, бидејќи замо заеднички можеме да ги подобриме услугите, а воедно и да му ставиме крај на насилството,” порача Афродита Плавјанска Шаља пред присутните.

Градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов ја изрази поддршката на општината во борбата против родово базираното насилство и заштита на жените од семејно насилство.

„Општина Струмица, го држи врвот и нема намера да се симне од него. Така е во многу области, така е и во областа на згрижување на жените – жртви на семејно насилство и нивните деца. Струмичкиот „Шелтер центар”, како позитивен пример за соработка на Здружението на граѓани „Скај Плус” и Општина Струмица, е вистински доказ за тоа,”порача Костадинов.

Стојне Митева од здружението „Скај Плус” изрази огромна благодарност и од име на Скај Плус и од Општина Струмица кон Бртанската амбасада и УНФПА.

„Навистина без нивната поддршка немаше ниту да се создадат услови за напредок на организацијата и сите внатрешни документи кои што и се потребни на организацијата со цел комплетна заштита на жртвите на семејното насилство но и изработката на прирачникот, секако повторно под капата на УНФПА и Британската амбасада. Јас сум бескрајно благодарна за тоа што амбасадата дозволи прирачникот да се појави и да биде достапен и онлајн па така Букварот како до шелтер центар односно до реплицирање на моделот,  во кој што ќе бидат вклучени сите чинители во општеството зошто само така можеме да се избориме со болката која  што ја чувствуваат за жал многу жени во Струмица, во земјава, во регионот,”истакна Митева.

МТСП насилство Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.