Францускиот претседател Емануел Макрон денеска остро го осуди насилството што избувна на демонстрациите против реформата на пензискиот систем, но и наведе дека нема да попушти пред насилството.
Макрон ова го изјави на прес-конференција во Брисел по самитот на ЕУ.
Макрон е под притисок да најде начин за излез од кризата и најлошото улично насилство во Франција во последните неколку години, откако предложи законот за пензија со кој се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, да биде усвоен во парламентот без гласање, објави Ројтерс.