Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија планира да го забрани производството на месо во лабораторија

0
By Jane Gjorgioski on March 30, 2023 СВЕТ
Фото: tellerreport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 30, 2023 20:40

Италијанската влада го одобри нацрт-законот со кој се забранува производство и употреба на лабораториска храна. Целта на овој нацрт закон е да се заштити земјоделско-прехранбената улога на почвата, рече италијанскиот министер за земјоделство.

Ако предлогот биде усвоен од парламентот, италијанската индустрија нема да може да произведува храна или добиточна храна во лабораториски услови, се вели во нацрт-законот.

„Според нас, лабораториските производи не гарантираат квалитет, благосостојба и заштита на нашата култура, нашата традиција“, рече министерот Франческо Лолобриџида.

Владата на премиерката Џорџија Мелони вети дека ќе ја заштити италијанската прехранбена индустрија од технолошките иновации кои се сметаат за штетни и го преименуваше Министерството за земјоделство во „Министерство за земјоделство и суверенитет на храната“.

Предлог-законот предвидува казни до 60.000 евра и губење на правото на јавно финансирање до три години. Фабриките каде што ќе има прекршоци може и да се затворат.

Според едно истражување, 84 отсто од Италијанците се против лабораториски произведена храна, пишува италијанскиот магазин за храна „Italia a Tavola“.

Сепак, иницијативата за забрана на храната која се одгледува во лабораторија ги налути организациите кои го поддржуваат развојот на земјоделски производи „базирани на клетки“ низ Европа, како и групите за заштита на животните.

Извор: Бриф

Италија лабораторија месо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.