Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Петровска: Сѐ што Ковачки изнесе во јавноста е тотална невистина

0
By Ана Василевска on March 31, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Министерката за одбрана Славјанка Петровска на брифинг со новинарите
Министерката за одбрана Славјанка Петровска на брифинг со новинарите
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 31, 2023 15:13

“Мислам дека подлабока позадина од неговиот страв од она што значи модернизација, опремување и напредок на македонската армија, нема. Јас лично немам дилема што се случува во ВМРО-ДПМНЕ и конкретно кај пратеникот Ковачки, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска“, по денешниот брифинг со медиуми.

„Жално е што доскорешен припадник на македонската армија кој сам одбрал да ја фрли униформата и да облече костум и да и служи на една политичка партија и да ја замени армијата, се служи со вакви невистини“., рече таа.

Според Петровска, сѐ што досега изнесе во јавноста е тотална невистина.

„Можеби јас имам разбирање за нападите врз мене. Тие се политички мотивирани со цел да се нанесе штета на мојот углед. Но, не можам да најдам објаснување и оправдување за нападите врз неговите поранешни колеги, припадниците на македонската армија, кои одбрале да ја задржат униформата и да останат во овие редови и да работат за интересите на државата. Како министерка за одбрана имам морална и секаква обврска да се спротивставам на тоа . Сѐ што беше кажано во изминатиот период од него е навистина една голема лага. Да ги обвините вашите поранешни колеги, сегашни припадници на армијата дека крадат, дека биле уапсени некаде, дека нанесуваат штета на државата навистина е ноторна лага“.

Од денес натака немам намера да одговорам на ниедно негово прашање затоа што тој не го заслужува вниманието ниту на Министерството за одбрана, ниту го заслужува вниманието на припадниците на македонската Армија, потенцираше министерката. 

„Тој се плаши од две работи, од овие две папки,  во едната се доказите со кои ги побивам сите негови тврдења дека кријам имот. Ова е составен дел од тужбата што ја поднесов против него, како што впрочем и ветив на македонската јавност. Се разбира, ќе барам тој судски процес да биде отворен за јавноста за да можете сите вие да видите што се случува. Во втората папка се крие товарот на неговото минато, кој што длабоко го боли и за кој не може да добие НАТО сертификат. Јас не сум дел од неговото минато. Тоа што тој правел во минатото е негова одлука и за тоа треба да ги сноси последиците. За жал, оваа папка е заштитена, но еве го поттикнувам бидејќи секогаш е за транспарентноста во јавноста, нека се отвори пред вас и нека ви каже. Тој најдобро може да зборува за своето минато“, вели Петровска како одговор на новинарско прашање.

Б. Ј.

Извор Цивил Медиа

Драган Ковачки македонска армија Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 21, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

ВЕСТИ April 21, 2026

Во телефонско интервју за CNBC, Трамп рече дека верува оти е веројатно продолжување на воените дејствија доколку…

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.