НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски, Вучиќ и Рама на „Винска визија на Отворен Балкан“ на Саемот за вино во Верона

0
By Marta Pesevska on April 2, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Фото: МИА/Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на 55. меѓународен Саем на вино и алкохолни пијалоци „ВинИтали“, што се одржува во Верона.
 
За време на посетата на Италија, премиерот Ковачевски, ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, со кои ќе остварат трилатерална средба, со фокус на иницијативата Отворен Балкан. По средбата предвидено е да се одржи и прес-конференција, соопшти владината прес-служба.
 
Ковачевски, Вучиќ и Рама ќе присуствуваат на презентацијата на вината од трите земји на заедничкиот штанд „Wine vision by Open Balkan“ на саемот „ВинИтали“.
 
Република Северна Македонија на годинашниот Саем на вино и алкохолни пијалоци во Верона учествува со над 60 видови најквалитетно македонско вино, со присуство на 14 македонски винарии и тројца врвни сомелиери.
 
Саемот претставува собир на домашните и меѓународните производители на вино од целиот свет кои сакаат да се претстават на една од најпрестижните светски саемски манифестации посветени на виното и негувањето на винската култура.
 
Саемот воедно ќе биде можност и за увозниците и дистрибутерите на вино да ги запознаат и да остварат соработка со врвни италијански и меѓународни производители на вино, а за љубителите на виното е осмислена и четиридневна манифестација „Vinitaly and the City” во текот на која, на историски локации ширум Верона ќе може да се дегустира и зборува за виното.

Под називот „Vinitaly Universe”, организаторите оваа година овозможуваат стручни обуки и тренинзи, учество на натпревари и награди, но и пристап на дигиталната платформа „Vinitaly Plus”, која на учесниците на саемот им овозможува да останат во контакт и по завршувањето на манифестацијата.

Минатата година саемот „ВинИтали“ беше домаќин на над 4.500 излагачи од целиот свет, претставени беа повеќе од 15.000 вински етикети од повеќе од 40 земји. Саемот го посетија преку 100.000 љубители на вино и претставници на деловната заедница, од кои над 25.000 купувачи, дистрибутери и увозници од 139 земји.
 
Оваа година се очекува рекорден број на учесници на саемот.

Извор: МИА

„Винска визија Верона Вучиќ Ковачевски отворен балкан Рама Саемот за вино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.