Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова за претставник во работната група за измени на Уставот

0
By Ана Василевска on April 10, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Устав на РСМ
Устав на РСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2023 11:39

За свој член во работната група за уставни измени СДСМ ја номинираше Цветанка Иванова.

„Иванова е дипломиран правник, има долгогодишно искуство, одличен познавач не само на Уставот и законите туку и на собраниските процедури како пратеничка. Учествувала во значајни процеси и одлуки кои Собранието ги има донесено.СДСМ активно ќе учествува во експертското тело кое го формира Министерството за правда. Тоа е државнички, тоа е одговорно затоа што станува збор за процес од кој зависи членството во ЕУ, како врвен национален и државен интерес.“, соопштуваат од владеачката партија.

Тие потенцираат дека очекуваат преку отворен, транспарентен процес, да се дојде до најдобриот македонски модел за уставни измени, кој ќе значи продолжување на европскиот пат.

„Членството во Европската унија е врвен национален и државен интерес поставен уште од независноста. Денеска, или оваа 2023 година сме на чекор, на дофат на тој генерациски сон, на таа желба на сите наши граѓани, на оваа наша стратешка национална определба. Никогаш, ама никогаш во изминатите 30 години не сме биле толку блиску. Веќе почнавме преговори, со ЕУ. После 17 години во чекалната, минатата година ги започнавме преговорите, се одржа меѓувладина конференција, скринингот тече одлично и тој процес ќе финишира успешно. Она што е особено важно за Македонците е што започнавме преговори со заштитен и признаен македонски јазик. Веќе е потпишан и првиот договор со ЕУ на македонски јазик без никакви додавки или фусноти. Сега е време да ја исполниме единствената обврска која нашата држава ја има согласно преговарачката рамка, усвоена од 27 земји членки на ЕУ, а тоа се уставните измени.“, потенцираат од СДСМ.

Според партијата, ова се важни одлуки за иднината на сегашните и идните генерации кои сакаат подобар животен стандард, врвни демократски институции и европски функционален систем во својата земја.

„Македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама сакаат да живеат во ЕУ дома, а не да живеат во ЕУ во туѓина. Обврска на сите политички партии е да ги поддржат процесите за стратешките одлуки на држава, како што е членството во ЕУ а не тие да бидат предмет на дневнополитичка борба. За жал, граѓаните гледаат дека заложништвото на Христијан Мицкоски кон Димитар Апасиев и Левица си го направи своето. Мицкоски и Апасиев отворено се против ЕУ и европската иднина на државата и нејзините граѓани.“, се вели во соопштението.

СДСМ е дециден дека ќе се спротивстави на деструктивноста на оваа коалиција на хаосот.

„Како предводници на проевропската коалиција подготвени сме да направиме се за продолжување на патот кон Европа. Ги повикуваме сите одговорни субјекти кои и мислат добро на државата да се приклучат на овој процес и заедно да обезбедиме европска иднина на државата.“, заклучуваат од СДСМ.

ЕУ Работна група СДСМ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.