НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Повлечени измените на Законот за културно наследство

0
By Соња Крамарска on April 10, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Од денешниот протест на археолозите пред Собрание
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлагачите на измените на Законот за културно наследство го повлекоа предлогот за кој денес требаше да се гласа во Собранието заради изградбата на коридорите 8 и 10 д. Археолозите непосредно пред почетокот на седницата преку протест предупредија дека пратениците ќе направат кривично дело доколку гласаат за измените оти со нив се озаконува уништување на културното наследство и се кршат низа домашни закони, меѓународни договори и ратификации.

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ најави дека тие нема да гласаат за дневниот ред, и се заканија со напуштање на седницата велејќи дека предложените измени ги добиле во петокот и имале кус рок да ги разгледаат.

И Маја Морачанин од ДОМ најави дека ќе гласа против измените оти треба да се носат на поинклузивен и потранспарентен начин со вклучување на експертката и академската фела.

По нивните забелешки претседателот на собранието Талат Џафери соопшти дека предлагачите ги повлекуваат предложените измени на Законот за заштита на културно наследство.

Археолозите на протест пред Собранието порачаа дека со кревање рака за законските измени пратениците ќе озаконат неповратно уништување на културното наследство. Повикаа да не дозволат надзорен инженер, кој нема познавања, образование и искуство од областа на заштитата на културно наследство да решава што е културно наследство. Рекоа дека на трасата на коридорите 8 и 10 д веќе постојат регистрирани археолошки локалитети и истакнаа дека свесно уништување на културното наследство е кривично дело.

Археолозите го повикаа претседателот на државата, МАНУ, универзитетите, сите засегнати институции, здруженија и граѓаните да се приклучат на апелот за повлекување на спорните законски измени пред да биде доцна.

измени на Закон за заштита на културно наследство протест на археолози Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.