Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Асоцијацијата за цистична фиброза на средба во Министерството за здравство за лекот „Трикафта“

0
By Соња Крамарска on April 11, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 11, 2023 15:36

Министерството за здравство денеска информира дека примиле на разговор претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза, пациенти со цистична фиброза и родители на деца со цистична фиброза. Соопштението беше објавено до јавноста, откако претходно пред Министерството претставници на Асоцијацијата, истакнаа дека се уште нема прогрес во однос на набавка на лекот „Трикафта“.

Како што информираше Министерството за здравство целта на дискусијата била запознавање со процесот во кој Министерството веќе активно работи на наоѓање решение за овие пациенти. За таа цел, нагласува Министерството, е ангажирана работна група која од пред две недели работи на случајот.

„Претставници од Асоцијацијата исто така ќе бидат повикани и на состанок со работната група за директно да бидат вклучени и запознаени со предизвиците и чекорите потребни за да се стигне до решение за оваа ранлива категорија“, се наведува во соопштението.

Денеска претходно прес-конференција одржаа претставници на Асоцијацијата, кои реагираа дека поминал еден месец од законските измени и сè уште нема никаков прогрес во однос на набавка на лекот „Трикафта“. Тие апелираа на поголема ажурност од страна на надлежните институции.

Од Асоцијацијата информираа дека воопшто не е воспоставен контакт со потребната компанија, а не се работи ниту на програмата за обезбедување на лекот за останатите пациенти и најавија протест доколку набавкатане се забрза.

Оттаму информираат дека има вкупно 140 лица заболени од цистична фиброза, но дека не може да се одреди колку лица се во критична состојба, затоа што параметрите се менуваат постојано.

Извор: МИА

Асоцијација за цистична фиброза Министерство за здравство трикафта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.