Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Прашањето е дали сакаме да останаме во категорија со земјите кои преговараат или да одиме со Босна и Херцеговина и Косово

0
By Ана Василевска on April 12, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Бојан Маричиќ
Бојан Маричиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 12, 2023 11:24

„Ние можеме и сега да се откажеме и да речеме, знаете што, многу е тешко и неправедно, ама нема да ја исполниме нашата цел да станеме членка на ЕУ. Треба да имаме предвид дека Србија и Косово по овој напредок во дијалогот ќе добијат ветер во грб за напредување, Црна Гора ќе добие ветер во грб, Албанија секако бидејќи немаат крупни прашања пред себе. Суштинското прашање е дали сакаме да останеме во категорија со земјите кои преговараат или да одиме со Босна и Херцеговина и Косово“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Студио 10“ на ТВ24.

То додаде дека не е прашањето дали тоа е праведно или во ред, туку дали сакаме да си го дозволиме тоа, кога картата за блокада сега е во наши раце.

„Патот кон членството во НАТО и патот кон членството во ЕУ бил секогаш послан со тешки одлуки, ние никогаш не сме рекле дека ќе биде лесно или едноставно. Ниту пак ова што ни се слушува е праведно. Ние самите бевме убедени дека тоа е последна обврска со завршувањето на Преспанскиот договор и знаеме сите со колкав отпор се соочи Бугарија кога ги отвораше овие прашања, затоа инсистиравме во преговарачката рамка да стои формулација во која што нема да има право Бугарија по менувањето на Уставот повторно да биде прашана дали продолжуваме со преговорите“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека втората меѓувладина конференција ќе се свика автоматски, без одлагање и без нови одлуки, како што беше договорено во преговарачката рамка и францускиот предлог.

„Ние поучени од таа лекција, дека не треба да дозволиме нови и нови условувања, ставивме во преговарчката рамка дека веднаш по промената на Уставот, по внесувањето на Бугарите, автоматски продолжуваме со втора меѓувладина конференција и тоа ни беше многу важно. Тоа ни беше суштински елемент на барањата во преговорите со Бугарија, Франција, Германија при изготвувањето на францускиот предлог“ рече Маричиќ.

Бојан Маричиќ НАТО членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.