НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕЕА: ЕУ и натаму е зависна од големи количини пестициди

0
By Ана Василевска on April 26, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија и нејзините земји-членки ќе треба да направат многу повеќе ако сакаат да ја исполнат својата цел за преполовување на употребата на хемиски пестициди до 2030 година, предупреди денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Во анализата за тоа како пестицидите влијаат врз човековото здравје и екосистемите во Европа, агенцијата истакнува дека земјоделското производство во ЕУ сè уште „зависи од големи количини хемиски пестициди за да се зачуваат приносите на земјоделските култури“.

Наместо да падне, продажбата на пестициди во ЕУ од 2011 до 2020 година беше „релативно стабилна“ на околу 350.000 тони годишно.

Најголеми количини од најактивните пестициди се продаваат во Германија и Франција, Шпанија и Италија, четирите најголеми земјоделски производители во ЕУ.

Во средината на 2022 година, Европската комисија претстави законски предлог кој, меѓу другото, предвидува намалување на ризикот од хемиски пестициди за 50 отсто до крајот на деценијата. Таа се соочи со силно противење од критичарите кои се загрижени за последиците што би ги имало врз земјоделските индустрии и сигурноста во обезбедување храна во Европа.

Широката употреба на пестициди е главна причина за загадување на водата, почвата и воздухот, губење на биолошката разновидност и отпорност на штетници, според ЕЕА. Изложеноста на пестициди е поврзана со хронични болести кај луѓето како што е ракот, но и кардиолошки, респираторни и невролошки болести.

„Во 2020 година, еден или повеќе пестициди беа детектирани над загрижувачкиот праг од 22 отсто на сите набљудувани локации во реките и езерата низ Европа“, се вели во извештајот.

Студијата спроведена во пет европски земји од 2014 до 2021 година покажа дека најмалку два пестициди биле откриени во 84 проценти од примероците на урина, што експертот од ЕЕА Дарио Писели го смета за загрижувачки. Децата имале повисоки нивоа на пестициди од возрасните и биле особено склони кон здравствени проблеми поврзани со тоа.

ЕЕА ЕУ Квалитет на храна Пестициди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.