НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Опозициските пратеници барем еднаш да застанат зад стратешките интереси на државата

0
By Соња Крамарска on April 27, 2023 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Договорот со „Бехтел и Енка“, како и секој договор подразбира приватност и доверливост. Тоа го има секој договор потпишан меѓу која било влада со која било меѓународна голема мултинационална компанија, во кои одредени делови мора да бидат доверливи, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Одговарајќи на пратеничко прашање на Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски посочи дека се работи за странски сериозни и реномирани компании и додаде дека ова е пракса и на другите договори кои тие ги практикувале и во други земји. Тие доверливи информации се однесуваат на технологијата на работа на секоја договорна страна, на начинот на нивните пресметки…, и тоа, како што нагласи, не е никаков криминал и корупција.

Премиерот потенцира дека ова не прв ваков договор кај нас и додаде оти мора да се почитуваат деловните тајни на компаниите. – Но, тоа во никој случај не значи дека Владата крие нешто што е од интерес на јавноста и нешто што би имало некакви негативни ефекти врз граѓаните. Клучните елементи од договорот кои се од интерес за јавноста никогаш не биле тајна, како што е вредноста на договорот, начинот на реализација на договорот, како ќе се трошат парите на граѓаните, рече Ковачевски.

Во однос на транспарентноста, премиерот потенцира дека нема ништо тајно. – Овој договор се подготвува две години, од носењето на специјалниот закон, преку Управувачкиот комитет, преку потпишувањето на договорите со надзорот и со „Бехтел и Енка“, сите клучни точки и суштината беа пред очите на јавноста, рече Ковачевски.

Ковачевски тврди дека сите постапки со овој договор се испочитувани согласно законот донесен од пратениците од ова Собрание.

Премиерот Ковачевски потсети на поднесените амандмани од Левица и додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се кријат за нив. Според него, Димитар Апасиев ја води дебатата и ги води постапките на вкупната опозиција која, како што рече, седи на левата страна во Собранието.

Ковачевски нагласи дека договорот со „Бехтел и Енка“ е потпишан согласно закон, ги поминал сите филтри кои се потребни и потоа министерот за транспорт и врски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта го имаат потпишано. Тој договор на барање на Јавното обвинителство е во постапка на доставување од страна на  Јавното претпријатие за државни патишта.

Според премиерот, на крајот ќе има проект кој ќе биде реализиран, а динамиката на проектот ќе зависи од блокадата која, како што рече, во Собранието ја прави вашиот шеф Димитар Апасиев, а вие ја поддржувате.

„Во амбасадите одите како мачиња, предете, велите ние се поддржуваме, ама Левица ги поднесе амандманите“, рече Ковачевски, повикувајќи ги пратениците од опозицијата еднаш да застанат зад стратешките интереси на државата.

Бехтел и Енка Димитар Ковачевски опозиција Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.