НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Ги штитиме правата на работниците, ниту едно право нема да биде злоупотребено

0
By Marta Pesevska on April 27, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

При изградбата на коридорите 8 и 10д најмалку 51 отсто компании, работници и останати ресурси ќе бидат ангажирани од земјава, односно домашни работници и домашни компании, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

Одговарајќи на пратеничко прашање од Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, таа истакна дека во Договорот со „Бехтел и Енка“ стои дека најмалку 51 отсто од компаниите, работниците, работната сила и други ресурси при изградбата ќе бидат ангажирани од државата.

Во делот на работното време и прекувремената работа на работниците, Тренчевска рече оти „никаде не стои дека работниците ќе бидат ангажирани 12 часа, односно 72 часа“. – Никаде не стои 60 часа неделно, нагласи министерката Тренчевска.

Во однос на најавите за синдикален протест на 1 Мај и тврдењето дека Синдикатот, како што рече, „бил на нозе“, министерката обвини дека ВМРО-ДПМНЕ создава хаос во општеството со лажни вести и манипулации.

Она што е вистината е дека Владата, МТСП и јас како министерка за труд и социјална политика ќе ги заштитуваме правата на работниците. Ќе ги штитиме правата на работниците и ќе се почитува секој закон што се однесува на првата на работниците, рече Тренчевска.

Таа образложи дека од компаниите кои ќе ангажираат работници за изградба на коридорите 8 и 10д ќе биде испочитувана одредбата за дневна пауза на работниците и за неделен 24-часовен одмор.

 Се додека ја манипулирате јавноста и излегувате со лажни вести ќе создавате хаос во државата. Правата на работниците од оваа Влада се заштитени токму со Законот за работни односи. И понатаму Владата и МТСП ќе ги штитат правата на работниците и нема да дозволат ниту едно право да биде злоупотребено, истакна Тренчевска.

Таа додаде дека се работи за проект кој е од стратешки и национален интерес, потенцирајќи дека прекувремената работа на работниците ќе биде платена и која ќе биде дозволена само со писмена изјава и согласност од работникот.

права на работниците Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.