НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Законот во Собрание не дефинира 60 часовна работна недела, туку прекувремена работа

0
By Ана Василевска on April 28, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Јованка Тренчевска
Јованка Тренчевска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако сакаме да градиме инфраструктура во државата и да не ја градиме по 15-20 години, туку да ја завршиме за четири години и седум месеци, како што е договорот со „Бехтел и Енка“, тогаш, праксата, не само кај нас, туку и насекаде во светот, покажува дека треба да дозволиме и прекувремена работа, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На новинарско прашање пред настанот „БЗР од мали нозе – чекор по чекор, 5 години заедно работиме за БЗР“, организиран по повод одбележување на 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, министерката рече дека Законот во Собрание не дефинира 60 часовна работна недела, туку прекувремена работа.

„Меѓутоа, прекувремена работа која што ќе биде платена за секој час одминат на работа на работникот и обезбедување на сите меѓународни стандарди што се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа на работниците. Во овој случај, градежните работници ќе добијат најголема заштита во делот на безбедноста и заштита при работа. Ако работат прекувремено, траењето на прекувремената работа ќе зависи најмногу од временските услови. Во пролет и лето можат да работат подолго од она што е во моментот превидено, но, ќе видиме колку ќе биде горната граница за прекувремено“, рече таа.

Министерката посочи дека е најважно работадавачите да добијат писмена согласност од работникот дека се согласува да работи прекувремено и да бидат обезбедени сите стандарди за безбедност и здравје при работа и секој час прекувремено да биде платен на работникот.

„Она што е најважно и што го комуницираме во моментов со експертите со кои што работиме, да најдеме едно ново предлог-законско решение е да се обезбедува, согласно постоечкиот закон, 12 часа дневен одмор помеѓу еден и друг работен ден и да се обезбедува 24 часа одмор на работникот во текот на една работна недела“, дополни таа.

Со предлог-измените на Законот за работни односи кој е во собраниска процедура, пратениците од власта предлагаат прекувремената работа на работниците во случаите кои се од национален и стратегиски интерес, како што е проектот „Бехтел и Енка“, да може да трае подолго од пропишаните осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно, со претходна согласност на работникот

Бехтел и Енка Јованка Тренчевска Работна недела
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.