Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски го менува датумот на Денот на победата: „И ја враќаме чесна историја во нашата земја“

0
By Соња Крамарска on May 8, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 8, 2023 12:26

Претседателот Володимир Зеленски ја одбележа годишнината од предавањето на нацистичка Германија во Втората светска војна со образложение дека 8 мај ќе биде официјален Ден на сеќавање и победа во Украина, а Украина ќе го слави Денот на Европа на 9 мај.

Обраќајќи ѝ се на нацијата, Зеленски рече дека „старото зло“ се вратило, овојпат извршено од „модерна Русија“ која ја следи истата цел на „ропство и уништување“ како и нацистите – „но нема да успее“, рече тој.

Дополнително зацврстувајќи го раскинувањето на Украина со советското минато, Зеленски рече дека поднел предлог-закон до парламентот со кој официјално ќе се прогласи 8 мај за Ден на сеќавање и победа, додека 9 мај – кога Русија го слави Денот на победата – ќе стане Ден на Европа.

„На нашата земја и враќаме чесна историја без идеолошки влијанија. На 8 мај повеќето луѓе во светот се сеќаваат на големината на победата над нацистите“, рече тој во видеото објавено на неговиот канал Телеграм.

„Денес го потпишав соодветниот декрет и секоја година, почнувајќи од утре, 9 мај, ќе го славиме нашето историско единство – единството на сите Европејци кои го уништија нацизмот и кои ќе го поразат „рашизмот“, рече тој користејќи ја кованицата на Украина за да ја опишат руската агресија како фашизам.

За Русија, 9 мај е еден од најважните национални денови – комеморација на огромните жртви што ги направи Советскиот Сојуз пред да биде поразена нацистичка Германија. Советска Русија и Советска Украина претрпеа страшни загуби во војната.

Безусловната капитулација на нацистичка Германија стапи на сила во 23:01 часот на 8 мај 1945 година, што е веќе 9 мај во Москва.

Москва ги засили нападите врз главниот град на Украина Киев и другите градови низ земјата пред 9 мај, при што некои коментатори велат дека Владимир Путин сака да обезбеди некаква предност во деновите кога се слави празникот.

Зеленски рече дека Европа не може да дозволи тоа да се случи и дека е повторно „време заедно да го победиме злото за да се осигураме дека никој никогаш повеќе нема да поробува други народи и да уништува други земји“.

„Сè уште не го знаеме датумот на нашата победа, но знаеме дека тоа ќе биде празник за цела Украина, за цела Европа, за целиот слободен свет“, рече Зеленски, пренесува Индекс.

8 и 9 Мај Володимир Зеленски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.