Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Очекувам што поскоро да се заврши текстот на амандманите за уставните измени за да може месецов да се проследат во Собранието

0
By Соња Крамарска on May 8, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 8, 2023 14:15

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ очекува што поскоро да биде изготвен текстот на амандманите за уставните измени за да може уште овој месец да ги проследат во Собранието.

„Очекувам што поскоро да се заврши текстот на амандманите, за неколку денови или недели за да можеме уште овој месец да ги видиме амандманите во јавноста, да ги продискутираме и понатаму да се проследат во Собранието. Јас очекувам да го стигнеме рокот во ноември, но таа динамика зависи од тоа како Собранието ќе го постави календарот на уставните измени, но сметам дека треба таа процедура да се започне пред летниот распуст на Собранието“, изјави денеска Маричиќ.

Според информациите кои го добил од претставникот од СЕП во работната група, динамиката на работната група се одвива добро и утре ќе имаат повторно средба.

Прашан дали работната група ќе работи и на други прашања поврзани со уставни измени, Маричиќ изјави дека претставникот на СЕП и претставникот на СДСМ имаат јасна насока да се држат исклучиво на тоа што го бара преговарачката рамка како тема и тоа што е неопходно за отворање на поглавјата и кластерите.

„Да не одиме пошироко, сите прашања се легитимни да бидат отворени и очекувам да ги отворат бидејќи таму има и претставници на политички партии, но мислам дека ќе има време за сите тие легитимни прашања да се разговара во иднина. Сега треба да се фокусираме на токму тоа што ни е обврска од преговарачката рамка. Не очекувам да има во крајниот исход други прашања“, рече Маричиќ.

Во однос на тоа какви заложби се планираат во областа на корупцијата, имајќи ги предвид критиките дека корупцијата во државава е широко распространета, Маричиќ најави дека ќе го отвори тоа прашање пред премиерот и институциите за да се направи мини реформски план кој ќе треба до летото да го реализираат.

„Мислам дека ќе биде неопходно во наредниот период да направиме неколку чекори поврзани со засилување на политиките за борба против корупција и за зајакнување на судството бидејќи се тоа врзани работи. Кога ќе се врати премиерот од САД планирам и јас да го отворам ова прашање од аспект на европските интеграции и да направиме еден мини реформски план кој ќе треба до летото да го реализираме, а со цел токму во областите на антикорупција и владеење на право и судство да ги реализираме за да ја подобриме целосната слика“, рече Маричиќ.

Во однос на случувањата во Судскиот совет, вицепремиерот Маричиќ посочи оти е важно да се внимава на процедурата и на репутацијата во јавноста.

„Единствена порака која сум ја упатувал до судиите и обвинителите во нашите разговори е да внимаваат на својот јавен углед и на својата работа бидејќи е крајно важно и јавноста да има поголема доверба во судството. Секој од нас и Владата и Судскиот совет и правосудството имаат свој дел од одговорноста и треба да ја преземат за да ја зголемиме довербата. Судскиот совет е независно тело, Владата нема намера да се меша, но треба сите да ги објаснуваат на јавноста одлуките зошто и како ги донеле, зашто само така јавноста може да има доверба во тоа што го работат“, заклучи Маричиќ.

Бојан Маричиќ уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.