Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филхармонија за критиките за одржувањето настан на ВМРО-ДПМНЕ во нивната сала: Ни го кратат буџетот, мораме да ја изнајмуваме салата

0
By Соња Крамарска on May 9, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 9, 2023 13:44

Македонската филхармонија денес со соопштение реагираше на критиките во дел од порталите во врска со одржувањето на конвенцијата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во големата сала на објектот.

Од Филхармонија посочуваат дека салите во зградата редовно ги изнајмуваат и не е прв пат политичка партија или здружение да ги користат со плаќање на финансиски надомест.
„Таков беше  политичкиот собир на ДУИ во 2019 година, промоцијата
на публикацијата „Моето патување во Фантазија“ во 2022 година, на кој се обрати и
тогашниот премиер Зоран Заев, НАТО конференцијата за комуникатори во 2022
организирана од Министерство за одбрана, настанот за одбележување на првата
година од членството во НАТО, три настани во 2022 во организација на кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, свечен прием на МНР по повод 30 години
дипломатски односи со Хрватска, собир на Демократската партија на Турците, настан на Управата за јавни приходи итн.“, велат од Филхармонија.
Притоа Филхармонија тврди дека критиките во врска со комерцијалното
издавање на објектот претставуваат само обид за дефокус од одлуката „без преседан“ на Министерството на култура принудно да го „вдоми“ новоформираниот Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонија, односно „наметнувањето на паралелно функционирање на две национални установи под еден покрив“, како што се наведува во соопштението до јавноста.

„Случувањата во Македонска филхармонија немаат никаква врска со политиката, туку со некоректниот однос од Министерството за култура. И порано и сега, а и во иднина салите на Филхармонија се изнајмуваат за организирање општествено, културно или музички настапи во организација“, велат од оваа музичка институција.
Раководните луѓе на Филхармонија нагласуваат дека објектот мора да се изнајмува, бидејќи се неопходни дополнителни средства за нормално да функционира националната институција.

„Министерството на култура постојано ни го крати буџетот, поради што нема доволно пари за спроведување на програмските активности на Филхармонија и за одржување на зградата. Токму од овие причини сме приморани да ги изнајмуваме салите. Минатата година кога ни скратија голем дел од буџетот, од нашата сметка моравме да платиме гостувања на солисти, диригенти, хорови. Ги плаќаме сите надворешни соработници, голем дел од нив се музичари во оркестарот чии места недостигаат, а нови вработувања нема. Од сопствена сметка плаќаме и кирија за инструментите, понекогаш и набавка на некој инструмент, поправка на инструменти, што е висока ставка“, порачаа од Филхармонија.

Притоа уште еднаш нагласија дека филхармонискиот и џез оркестарот „не можат да функционираат под еден покрив“, и дека „никаде во светот не се сместени заедно филхармониски и џез-оркестар“.

изнајмување сала Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.