НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијативи на Отворен Балкан: Реконструкција на граничниот премин Прешево-Табановце готова до почеток на летото

0
By Ана Василевска on May 12, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред почетокот на летото ќе завршат работите за подобрување на сообраќајниот пристап на граничниот премин Прешево – Табановце, кои опфаќаат проширување на пристапните патишта од српска и од македонска страна. Оваа делумна реконструкција на преминот ќе резултира со одредено забрзување на протокот на возила и намалување на задржувањето на бројот на граѓани на граничниот премин.

„Работите се изведуваат како дел од Иницијативата Отворен Балкан, што ја започна претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Реконструкцијата на преминот е еден од резултатите од Меморандумот потпишан меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија, кој содржи мерки за забрзување на движењето на возила, луѓе и стока преку државната граница“, соопштија од српската влада.

Во соопштението се наведува дека работите што денеска почнуваат од македонска, од српска страна на границата ќе започнат следната недела, а се очекува да завршат во првата половина на следниот месец, пред почетокот на туристичката сезона, а тоа, покрај одредено намалување на метежот на границите, исто така, ќе ја олесни трговијата меѓу двете земји.

„Имено, во периодот што следи се очекува да се спроведат мерки за признавање на сертификати за мерење на товарните возила меѓу царинските управи на двете земји, со што ќе се скрати времето за спроведување на царинските формалности“, наведуваат од српската влада.

Овие мерки, додаваат, ќе придонесат за забрзан проток на граничниот премин Прешево – Табановце и за намалување на трошоците за патниците и деловните субјекти, што позитивно ќе се одрази на меѓународната трговија во целиот регион.

„Ова се само некои примери за тоа како Иницијативата Отворен Балкан го забрзува протокот на луѓе, стоки и услуги и заштедува време за граѓаните и стопанството при преминување на државните граници“, се наведува во соопштението од српската влада.

отворен балкан СРПСКА ВЛАДА Табановце
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.