Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ: Предадени се 9.401 парчиња оружје, ангажирани се 156 психолози и светски експерти да работат на поддршка на децата и родителите

0
By Ана Василевска on May 12, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 12, 2023 13:47

Во обраќањето до јавноста на српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека до девет часот биле предадени 9.401 парчиња оружје и дека ќе се ангажираат светски експерти да работат на поддршка на децата и родителите.

„До 9 часот утринава, согласно одлуките донесени во претходните денови и страшните трагедии во Белград, во околината на Младеновац и Смедерево, во акцијата за собирање оружје собрано е 9.401 парче оружје, 460.537 куршуми од различен калибар, а собрани се и 884 минско- експлозивни направи, од кои 711 бомби и зољи“, изјави Вучиќ.

Како што оцени, „особено е задоволен од она што е постигнато со испраќањето полицајци во училиштата“.

Тој потсети дека премиерката Ана Брнабиќ се сретнала со претседателот на Советот на родители на основното училиште „Владислав Рибникар“ и дека било договорено да се исполнат сите барања на родителите.

„Потребно беше се да се разјасни. Ќе разговараме и со светски експерти, разговаравме со норвешката амбасада бидејќи таа земја има искуство по злосторството што го изврши Брејвик кога беа убиени 77 млади луѓе. УНИЦЕФ ги има најдобрите експерти и тие ќе работат со нашите експерти, ќе обезбедиме средства за тие програми“, рече Вучиќ и додаде дека од Институтот за ментално здравје биле ангажирани 156 психолози.

Во врска со мититнзите кои се одржуваат во Србија и од него најавениот за 26 мај, Вучиќ изјави дека собирот закажан за 26 мај не е контрамитинг, како што објавија некои медиуми, бидејќи за тој датум не бил закажан друг митинг.

„Собирот е организиран за важни одлуки кои не се поврзани со омраза, никого нема да пцуеме ниту да ја злоупотребуваме трагедијата, не организираме спонтани собири, туку да кажеме каков е планот за иднината на државата. Тоа е собир за обединување, а не на поделба. Ние не закажавме собири за 12-ти или 14-ти кога спомнаа дека го сакаат, туку многу однапред кога немаше друг собир и секако дека ова не е контра митинг“, рече Вучиќ.

Александар Вучиќ Масовни убиства во Србија оружје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.