Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департментот за верските слободи: Владата ги подобрила односите со ИВЗ, но покажува поголема наклонетост кон МПЦ-ОА

0
By Ана Василевска on May 16, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Стејт департмент
Стејт департмент
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 16, 2023 09:00

Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Северна Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска со обидот за регистрација на бугарските клубови.

Извештајот исто така истакнува и дека новиот статус на МПЦ-ОА се уште не е разрешен.

Во допис до јавноста по повод објавувањето на извештајот за верските слободи во светот во 2022 годинаа, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „слободата на вероисповест е животно важна за стабилноста и безбедноста на општествата“.

„Кога на личноста ѝ се почитуваат индивидуалните убедувања, таа има повеќе сила да го достигне својот целосен потенцијал, со што се подигаат цели заедници и општества“, изјави Блинкен.

Во делот за Северна Македонија, извештајот нотира и дека лани во февруари полицијата подигнала обвиненија за говор на омраза против жена за нејзнините коментари на социјалните медиуми во текот на посета на ортодоксна група Евреи и дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изјавила дека наводот бил „антисемитски инцидент“.

Извештајот го подвлекува и признавањето лани на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, „окончувајќи долг период на непризнавање од глобалната православна црква и поплочувајќи го патот за автокефалност на МПЦ-ОА“. Се истакнува и дека Српската православна црква (СПЦ), „од која МПЦ-ОА се оддели во 1962 година“ ја признала автокефалноста на МПЦ-ОА, иако некои црковни аналитичари истакнале дека само Вселенската патријаршија има право да додели автокефалност.

„Новиот статус на МПЦ-ОА не беше целосно разрешен кон крајот на годината. Иднината на Православната охридска архиепископија (ПОА), која според документите за признавање на СПЦ треба да се спои со МПЦ-ОА, се уште не беше јасна кон крајот на годината“, оценува Стејт департментот.

Се наведува и дека меѓу владата и бекташката заедница од Тетово продолжиле разликите околу регистрацијата на верската група.

„Заедницата нема повторно поднесено апликација за регистрација од 2000 година поради загриженост од промена на името, што ќе биде закана за постоењето на групата“, се вели во извештајот.

Се додава дека членови на бекташката заедница  повторно пријавиле напади од владини и претставници од друга ривалска група која сакала да го презеде нивното седиште лани во август, и дека светскиот бекташки лидер апелирал до владата за заштита на слободата на бекташите од Тетово и да се одговори на провокациите и заканите кон нив изнесени во социјалните медиуми.

Други проблеми нотирани во извештајот се спората и некомплетна денационализација на државниот имот, фаворизирањето на некои верски групи и акредитација на верските школи „иако овие школи, раководени од МПЦ-ОА и ИВЗ, останаа нерегистрирани, со што студентите од тие школи беа спречени да се запишат во секуларни универзитети“.

Извештајот нотира и дека првенците на ИВЗ изјавиле дека односите со владата продолжиле да се подобруваат, но дека владата продолжила да покажува поголема наклонетост кон МПЦ-ОА.

Се укажува и дека меѓуагенциската работна група оформена во 2021 година продолжила со разгледување на амандмани во законот да се овозможи индивидуални цркви и џамии да добијат статус на правни лица, долгогодишно барање на МПЦ-ОА и ИВЗ во Северна Македонија.

Медиумите известиле дека лани се случил инцидент на вандализам против еден манастир лоциран во област со муслиманско мнозинство и 13 инциденти на кражба од цркви, манастири и џамии. МПЦ-ОА и ИВЗ не сметале дека кражбите и вандализмот имаат верска основа.

Се посочува и дека американскиот амбасадор во Северна Македонија, Анџела П. Агелер, и други американски дипломати дискутирале со владини претставници за меѓуверскиот дијалог и важноста од толеранција и разбирање меѓу разните верски групи. Дискусии имало и со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со градоначалници и други службеници. Со парлементарците се дискутирало за денационализација на имотот на црквите и џамиите, и за амандмани за средните училишта вклучително и за акредитација на верските училишта.

Од Амбасадата на САД се сретнале и со поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски македонски г-н Стефан и лидерот на ИВЗ, реис Шакир Фетаху а за дискусија на религиските слободи , вклучително и наводната фаворизација кон некои религиски групи.

ИВЗ Извештај за верски слободи МПЦ- ОА Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.