НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бахмут „не е окупиран“ од Русија, порача Зеленски

0
By Соња Крамарска on May 22, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Володимир Зеленски порача дека Бахмут „не е окупиран“ од Русија, откако платеничка група Вагнер поддржана од Москва објави дека ја презеде контролата.

Украинскиот претседател зборуваше за време на посетата на Хирошима, Јапонија, на самитот на Г7.

Основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно ја забележа победата во Бахмут.

Но, украински воени извори изјавија за Би-Би-Си дека сè уште имаат контрола врз неколку згради на периферијата на градот.

На прес-конференцијата на последниот ден од самитот, Зеленски одби да даде прецизни детали. Но, тој рече дека градот, каде што се водела најдолгата и најкрвавата битка во војната од август, „не бил окупиран“ од Русија.

„Нема погрешни интерпретации“, додаде тој, по претходната конфузија околу неговите забелешки за статусот на градот.

Зеленски го спореди Бахмут со Хирошима, која беше погодена со атомска бомба во Втората светска војна, ветувајќи слична „реконструкција“ на неговата земја.

Вчера тој го посети Меморијалниот парк на мирот во Хирошима со јапонскиот премиер Фумио Кишида – чии роднини загинаа кога САД ја фрлија бомбата врз градот во 1945 година.

Зеленски положи венец за загинатите во нападот, после што одговараше на прашања од новинарите.

Тој повлече неколку паралели меѓу Хирошима и Украина, велејќи дека сликите од јапонскиот град во урнатини по бомбардирањето го потсетуваат на денешниот Бахмут. Тој вети дека ќе има слична „обнова и реконструкција“ на Украина.

„Хирошима го обнови нивниот град, и ние сонуваме да ги обновиме нашите градови“, рече тој.

Конфузијата околу статусот на Бахмут се создаде откако Зеленски рече дека „денес Бахмут е само во нашите срца“. Неговиот кабинет подоцна појасни дека тој не рекол дека градот паднал.

Но, руските сили го контролираат поголемиот дел од Бахмут. Платениците на Вагнер ги концентрираа своите напори таму со месеци, а нивната немилосрдна, скапа тактика на испраќање бранови луѓе се чини дека постепено го еродира отпорот на Киев.

Украинските сили се спротивставија на повиците за тактичко повлекување до овој момент, но велат дека ако се повлечат, тоа би било „пирова победа“ за Русите.

Бахмут Володимир Зеленски Г-7
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.