Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Од 1 јули повторно е можна евтина дневна тарифа на струјата

0
By Ана Василевска on May 26, 2023 ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 26, 2023 11:51

Од 1 јули годинава граѓаните најверојатно повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи.

„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од 1 јули“, изјави Битиќи во гостувањето во „Утринската програма“ на телевизија Телма.

Тој посочи дека висината на цената на струјата преку соодветни параметри ја определува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), која се очекува да ја донесе конечната одлука кон крајот на јуни.

„Имаме месец и половина пред нас, а ние не зависиме само од домашните производители на електрична енергија, нагласи Битиќи“, додавајќи дека како и сите одлуки во последнива година и половина, така и оваа ќе биде во полза на граѓаните.

Вицепремиерот во гостувањето најави и дека стапката на данокот за додаден вредност (ДДВ) за струјата од 10 отсто постепено ќе се враќа на 18 проценти, за што анализите се при крај.

Битиќи потенцира дека првпат од независноста на земјата актуелната Влада работи на подготовка на Национална стратегија за развој, која би требало да го трасира патот за идниот развој на државата.

„Во секоја стратешка област ќе биде јасно разграничено каде сакаме да стигнеме. Тоа е визијата и во наредниот период ќе се работи на акцискиот план, како тоа да се постигне, изјави вицепремиерот Битиќи“, додавајќи дека преку оваа Стратегија ќе се мапираат тековните и постоечките предизвици на општеството, со фокус на изградба на соодветни капацитети со цел државата да биде подготвена и да може успешно да се соочи со идните предизвици.

Според него, процесот на креирање на оваа Национална развојна стратегија е од големо значење за иднината и бара методичност и внимателен пристап, бидејќи тоа ќе биде, како што рече, визионерски стратешки документ кој ќе го утврди развојниот пат на државата во следните 20 години, поради што се водат широки консултации за градење меѓугенерациски, меѓуетнички, меѓупартиски и родов консензус помеѓу клучните општествени чинители.

„Ако видите кој се е вклучен во креирање на оваа стратегија, тоа се национални експерти, луѓе од државата. Кога се правеа мапирањето и анализите на 25 области, беа вклучени 28 национални експерти и имаше над 30 визионерски работилници со над 3.000 наши сограѓани“, изјави Битиќи.

Тој истакна дека во целиот процес биле вклучени бизнис и граѓанскиот сектор, младите, вработените од институциите, како и политичките партии од власта и опозицијата и ваквиот пристап, според него, е показател оти како општеството полека почнуваме да наоѓаме консензус за важни прашања за државата.

„Ова е единствениот начин вистински да покажеме дека си ја сакаме татковината. Таа не се сака на друг начин, освен ако заеднички не се креира нејзината иднина, за сите нас, рече Битиќи“, додавајќи дека постигнувањето консензус не може да се направи брзо, па затоа решиле изработката на Националната стратегија за развој да оди постепено

евтина струја Енергетика Фатмир Битиќи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.