НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меџити се брани за разрешувањдето на д-р Јовев: Имаше нерегуларности на кардиохирургија

0
By Соња Крамарска on June 6, 2023 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Од денешната изјава на министерот за здравство
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема политика во разрешувањето на директорот на Клиниката за кардиохирургија д-р Сашко Јовев, за секој директор ќе има санкции, рече денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, по вчерашното ненадејно разрешување на кардиохирургот кој го предводеше тимот кој ја изврши првата трансплантација на срце во државата. Разрешувањето предизвика бурни реакции и негодување во јавноста со прозивки до премиерот Ковачевски да го разреши министерот за здравство поради едностраниот потег.

Меџити на денешниот настан на Клиниката за ендокринологија рече дека повеќе детали новинарите ќе добијат на брифинг подоцна попладне. Д-р Јовев закажа прес-конференција во 12 часот.

Министерот за здравство вчера рече дека нема да толерира „директори кои седат и спијат по пет години, 10 години, и кои немаат никаков резултат“. Денеска пак, изјави дека се утврдени нерегуларности во работењето на Клиниката за кардиохирургија, откако стигнале информации до Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ).

На инсистирања на новинарите за тоа што згрешил Јовев, со оглед на тоа дека е наградуван доктор и ја водеше првата трансплантација на срце, тој вчера рече:

„Тоа е кадар на коалицискиот партнер на СДСМ, тие ќе предложат друго име. Нема никој тука да биде бесмртен. Ниту јас, ниту другите, ниту директорите. Здравството е жива материја. Кој нема да сработи, ќе биде отпуштен од функцијата“.

Кардиохирургот Сашко Јовев лани беше меѓу добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес во држвата. Преходно ја доби наградата за животно дело „Гемиџиите“ на Општина Велес, а беше и дел од тимот наградени со „13 Ноември“ на Град Скопје.

Првата трансплантација на срце беше изведена на 23 мај 2020 и оттогаш се направени осум пресадувања на срце.

 

д-р Сашко Јовев Клиника за кардиохирургија разрешување Фатмир Меџити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.