Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зануси утре на ФФФ: Направив филм каде поставувам прашања што ги нарекуваме филозофски или егзистенцијални и се надевам дека на овој фестивал ќе ја пронајдам публиката и критичарите

0
By Ана Василевска on June 7, 2023 ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, КУЛТУРА
Кшиштов Зануси
Кшиштов Зануси
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 7, 2023 13:05

Филмот „Совршен број“ на еден од најголемите европски режисери и сценаристи на денешнината – Кшиштоф Зануси од Полска ќе биде прикажан на 8 јуни во Кинотеката, во рамките на Филозофскиот филмски фестивал. Легендарниот режисер, добитник на „Златен лав“ во Венеција во 1984 година, наградуван на Кан, Локарно, Берлин, Монтреал, Токио – Зануси, пристигнува утре во Скопје како  гостин на фестивалот. Тој е еден од 40 основачки членови на Европската филмска академија, предводени од Ингмар Бергман.

Филозофскиот филмски фестивал во Скопје е еден од ретките фестивали во светот кој, освен филмската естетика, ја негува врската меѓу филмот и филозофијата преку изобилство отворени прашања и провокативни теми. Која беше Вашата главна мотивација да го испратите „Совршен број“?

Зануси: Па, мојата мотивација е потполно идентична со Вашиот опис, затоа што направив филм каде поставувам прашања што ги нарекуваме филозофски или егзистенцијални и се надевам дека на овој фестивал ќе ја пронајдам публиката и критичарите кои би биле доволно паметни да се вклучат во ваква дебата, затоа што просечниот филмски критичар денес е некој кој има многу малку познавање од филозофијата, и најчесто само ни кажува за дејството, но не и за мислата или рефлексијата поттикната од тоа дејство. Па, мислам дека ова е совршеното одредиште и многу сум среќен што филмот ќе биде на фестивалот, а и многу сум радосен што го придружувам филмот и што ќе учествувам во дискусијата.

Сцена од „Совршен број“
Сцена од „Совршен број“

Дали мислите дека филозофијата на некој начин е суштинска за кинематографијата или за филмското искуство?

Зануси: Да, бидејќи наративната уметност ни дава искуство што не сме го доживеале лично. А ако сакате да го направите ова извонредно и поголемо, од сите живи суштества, само луѓето можат да го акумулираат искуството од претходните генерации. Имам осум кучиња, ниту едно од нив не го познава животот на нивниот дедо. А јас знам за животот не само на мојот дедо, туку и на Јулиј Цезар и Мојсеј, но и на многу други значајни личности кои живееле долго пред да се родам. Па така, наративната уметност акумулира искуство и размисла за животот и затоа е толку скапоцена. А тоа се однесува и на романот, на театарот, на сценската игра, и се разбира, наративната уметност денес се филмот, ТВ сериите, аудиовизуелното базирано на фикција.

Вие сте еден од најголемите активни режисери на нашето време. Што за Вас претставува филмот како уметничка форма и што сметате дека е најважно кога создавате еден филм?

Зануси: Па, би сакал да им го поставам ова прашање на луѓето кои пишуваат за моите филмови, бидејќи тие имаат пообјективно гледиште. Но, знам дека животот е предизвик. Тоа не е лесна задача. А во вашата земја, која толку многу страда, веројатно ова го разбирате повеќе отколку во другите земји, кои се безбедни и сигурни. Но, штом знаете дека животот е предизвик, дека животот може многу лесно да се изгуби, дека животот може залудно да се потроши, поради сопствени грешки или поради околностите, тогаш она што е моја мотивација да правам филмови е да им дадам надеж на луѓето, но и предупредување. Затоа што треба да бидат предупредени за грешките на другите, кои треба да ги избегнуваме. Треба да се учи од туѓите грешки, бидејќи животот е неповратен. Значи, што и да правите погрешно, го правите погрешно засекогаш.

Извор и целото интервју на  УМНО

Кинотека на РСМ Кшиштов Зануси филм Филозофски филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.