НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: САД засега немаат доволно информации за причината за катастрофата на браната Нова Каховка

0
By Соња Крамарска on June 8, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

САД засега не поседуваат доволно целосни информации за причината за уривањето на браната на хидроцентралата Нова Каховка во јужна Украина, изјави синоќа на брифинг за новинарите Ведант Пател, заменик портпарол на Стејт департментот.

„Ќе дадеме целосни информации кога тоа ќе биде возможно“, рече Пател.

Според него, неспорен факт е дека 16.000 жители од подрачјето што гравитира кон Нова Каховка и реката Днепар се соочени со резултатите од катастрофата и се во опасност да станат жртви на поплави, додека уште 20.000 жители имаат потреба од преселување.

„Уривањето на браната и последиците од поплавите создаваат сериозни ризици за безбедност и на нукларната централа Запорожје и го загрозува водоснабдувањето на југот од Украина, вклучително и Крим“, изјави Пател.

Тој одби да ги коментира објавите во некои американски медиуми дека Вашингтон поседува разузнавачки информации што укажуваат на вклученста на Москва во саботажата на браната.

„Ние продолжуваме да ги поддржуваме нашите украински партнери во нивните напори за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет и во заштита на својот народ“, рече Пател, додавајќи дека Вашингтон работи директно со Киев во пружање помош за настраданите од уривањето на браната.

Пател го коментираше предлогот на Турција за оформување меѓународна комисија за истрага на инцидентот, посочувајќи дека државниот секретар Ентони Блинкен треба во најскоро време да одржи разговор со својот нов колега, повторно назначен за министер за надворешни работи на Турција, без да каже конкретни датуми кога тој разговор може да се случи.

извор: МИА

Нова Каховка Стејт Департмент Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.